САД и Кина се согласија да ги намалат царините за стоките од другата страна во период од 90 дена, во голема деескалација на нивната трговска војна, пренесува Би-би-си.
Министерот за финансии на САД, Скот Бесент, вели дека двете страни ќе ги намалат царините за 115% од среда
Тоа значи дека американските царини за кинески увоз ќе паднат на 30%, додека кинеските царини за американски стоки ќе паднат на 10%
Тоа е поголемо намалување од очекуваното, пишува дописникот на Би-би-си, Тео Легет – но 30% е сè уште висока царина
Дописничката во Пекинг, Лаура Бикер, вели дека кинеските претставници стануваат загрижени за влијанието на американските царини. Бесент, исто така, минатиот месец призна дека ситуацијата е неодржлива
Договорот доаѓа откако двете страни одржаа трговски разговори во Женева во текот на викендот.
Д. Мишев / Цивил Медиа