Работниците во погоните на американскиот производител на автомобили „Форд“ во градот Келн, западна Германија, го почнаа својот прв штрајк, додека синдикатот се противи на предвидените кратења на работни места.
Управата на „Форд“ има намера да укине 2.900 работни места до крајот на 2027 година. Во европските погони на автопроизводителот работат 11.500 луѓе, што е веќе, всушност, помалку од 20.000 кои работеле таму во 2018 година. Штрајкот во двете фабрики, коишто беа основани во 1930 година, треба да заврши утре наутро, по последните ноќни смени и има за цел притисок врз раководството да ги преиспита плановите за намалување на трошоците.
„ИГ Метал“, еден од најмоќните германски синдикати, којшто ги претставува работниците во различни производствени сектори, се залага за колективен договор што предвидува високи отпремнини и финансиска сигурност за работната сила.
Гласноговорникот на синдикатот, Давид Лудке соопшти дека работата е целосно запрена, а отказите влијаат на целиот процес – производство, развој и управување.
„Форд“ во мигов произведува два електрични автомобили во Келн, чии продажби не ги надминуваат очекувањата, и покрај инвестициите во износ од речиси 2 милијарди евра.