Во македонскиот Културно информативен центар во Тирана, синоќа е одржана литературна вечер со поетесата, преведувач, есеист, професор и антрополог – Наташа Сарџоска.
– Наташа е автор чии книги се преведени на повеќе од 25 јазици, меѓу кои и на албански. Со своето претставување преку интервју, разговор и прашања со публиката го донесе сјајот на македонската книжевност, објави Амбасада на РСМ.
Присутните ги поздрави вршителот на должноста амбасадор Љуфтим Спахиу, а интервјуто со писателката го водеше директорката на КИЦ Тирана – Ема Попивода.
– Наташа прочита и дел од својата поезија на македонски јазик. Со голем емотивен набој, кој ја растрепери публиката превод од поезијата, на албански јазик, прочита познатата уметница Наташа Бега.
Се посочува дека амбасадата и КИЦ ќе продолжат со активности во афирмацијата на убаво напишаниот македонски збор и културни вредности.