ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Муцунски во Анталија: Подвлечен придонесот на државава како стабилен и конструктивен сојузник на НАТО

May 15, 2025 15:54
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Фото: Влада РСМ

Фото: Влада РСМ

Share on FacebookShare on Twitter

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, вчера и денеска во Анталија, Турција, учествуваше на неформалниот состанок на министрите за надворешни работи на НАТО.

Состанокот, како што соопшти Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, се одржа во пресрет на Самитот на НАТО во Хаг и претставуваше значаен аспект од консултативниот процес меѓу сојузниците за дефинирање на клучните елементи и приоритети во врска со прашањата што ќе бидат на дневен ред на самитот во јуни оваа година.

-Во рамки на дискусијата,  министрите ги истакнаа своите ставови за приоритетите по кои земјите членки на НАТО треба да изградат заеднички позиции: јакнење на капацитетите за одвраќање и одбрана, зголемување на одбранбените инвестиции, продолжување на поддршката за Украина и зацврстување на соработката со стратешките партнери и организации на Алијансата, се наведува во соопштението.

Министерот Муцунски ги пренел приоритетните ставови на нашата земја, нагласувајќи ја важноста од зајакнување на солидарноста, единството и координираното дејствување во справување со заедничките закани и предизвици. Тој го подвлекол придонесот на државата како стабилен и конструктивен сојузник, кој вложува континуирани напори за модернизација на сопствените капацитети и придонесува кон регионалната и колективната безбедност.

Во оваа насока, министерот го посочил интересот за адресирање на важноста на Западниот Балкан на Самитот во Хаг, како регион од стратешко значење за НАТО и ЕУ, потенцирајќи дека регионот мора да остане високо на агендата на двете организации, со цел зачувување на стабилноста и обезбедување натамошен просперитет како дел од европските и евроатлантските структури.

Неформалниот состанок, како што соопшти  Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, е дел од подготовките за самитот на лидерите на Алијансата, каде што ќе се дефинираат следните клучни чекори за јакнење на НАТО како одговор на заедничките безбедносни предизвици.

Tags: АнталијаМуцунски
Next Post

Пад на цената нафтата по зголемените изгледи за постигнување американско-ирански договор

НАЈНОВО

Скриншот

ДИК ги соопшти првичните официјални резултати од гласањето во вториот круг на локалните избори

November 3, 2025
Фото: Генерирано со ВИ

Жените повторно на маргините на локалната политика – само 4 градоначалнички од 309 кандидати

November 3, 2025

Александра Николовска, Мартин Стојановски и Мито Андонов – кандидати за пратеници наместо Бети Стаменковска Трајковска, Јане Мицевски и Дејан Проданоски кои се избрани за градоначалници

November 3, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Избирачко место во Раовиќ без ниту еден глас – 214 запишани, нула излезност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДУИ падна, ВЛЕН се издигнува – започнува нова ера во албанскиот политички блок

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Небиу: Старите формули на ДУИ не поминаа кај Албанците

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Орки против голема бела ајкула: борба меѓу врвни предатори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk