По двете полуфинални вечери на „Евровизија“, познати се сите 26 финалисти – 10 од првото полуфинале, 10 од второто и шестмина со директно учество (од „големата европска петорка“ – Германија, Обединетото Кралство (Велика Британија), Франција, Италија и Шпанија, и земјата домаќин – Швајцарија). Сосе полуфиналињата, се натпреваруваа вкупно 37 земји.
Големото финале на настанот во Базел, ќе се одржи в сабота, 17 мај, во 21 часот. Ова е 69. издание на „Евросонг“. Настанот е организиран од Европската радиодифузна унија – ЕБУ и Швajцарската радиодифузна корпорација. Водителки на овогодишниот „Евросонг“ се Хејзел Бругер и Сандра Студер.
1.Норвешка
2.Луксембург
3.Естонија
4.Израел
5.Литванија
6.Шпанија
7.Украина
8.Обединето Кралство
9.Австрија
10.Исланд
11.Латвија
12.Холандија
13.Финска
14.Италија
15.Полска
16.Германија
17.Грција
18.Ерменија
19.Швајцарија
20.Малта
21.Португалија
22.Данска
23.Шведска
24.Франција
25.Сан Марино
26.Албанија
Така, во финалето на „Евросонг“ ќе настапат претставниците на Албанија, Германија, Ерменија, Австрија, Данска, Шпанија, Естонија, Финска, Франција, Грција, Исланд, Израел, Италија, Латвија, Литванија, Луксембург, Малта, Норвешка, Холандија, Полска, Португалија, Велика Британија, Сан Марино, Шведска, Швајцарија и Украина.
Иако и оваа година на „Евровизија“ нема македонски претставник, Македонската радиотелевизија – МРТВ ќе врши директен пренос. Право на глас преку интернет имаат и гледачите од земјите коишто не учествуваат на музичкиот натпревар.