Јеменските бунтовници Хути, кои се поврзани со Иран, објавија „морска блокада“ на израелското пристаниште Хаифа како одговор на континуираниот конфликт на Израел во Газа.
– Сите компании со бродови кои се наоѓаат во тоа пристаниште или се упатуваат кон него се известуваат дека од моментот на ова соопштение, гореспоменатото пристаниште е вклучено во списокот на цели, изјави портпаролот на групата Јахија Сари во телевизиско обраќање.
Хутите продолжуваат да истрелуваат ракети кон Израел, вклучително и кон аеродромот „Бен Гурион“ во близина на Тел Авив, во знак на солидарност со Палестинците во Газа, и покрај тоа што се согласија да ги запрат нападите врз американски бродови.
Ракетите што ги лансира групата кон Израел во најголем дел се соборуваат од противвоздушната одбрана.
Израел изврши одмазднички напади, вклучително и еден на 6 мај, во кој беше оштетен главниот аеродром на Јемен во Сана и во кој загинаа неколку луѓе.