Најстариот син на американскиот претседател Доналд Трамп, Доналд Трамп помладиот, денеска во Катар изјави дека е можно еден ден да се кандидира за претседател, и додаде дека „таа можност постои“, јавија британските медиуми.
-Значи, одговорот е – не знам, можеби некогаш. Знаете, тој повик е тука. Секогаш ќе бидам многу активен во однос на тоа да бидам гласен поддржувач на овие работи. Мислам дека мојот татко навистина ја промени Републиканската партија, изјави тој на Економскиот форум во Катар.
На прашањето од модераторот на панелот дали ќе се кандидира и ќе ја „преземе функцијата“ по пензионирањето на неговиот татко од Белата куќа, неговата првична реакција „па….оф , боже“ предизвика благ аплауз од пубиката. по што тој додаде „чест ми е што ме прашаа за ова и чест ми е што гледам дека на некои луѓе не им пречи тоа“.
Додека разговараше со основачот на „1789 Capital“, Омаид Малик, Трамп помладиот (47) се пошегува дека луѓето што ракоплескаат се „двајца кои ги познаваме“.