ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Вицепремиерот Николоски по средбата со УКЕФ во Лондон: Средствата од 6 милијарди евра ги потврдивме и се ставаат на располагање за капитални проекти во Македонија

May 21, 2025 17:23
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски кој ја предводи официјалната делегација на Македонија во Обединетото Кралство, оствари средба со претставници на Инструментот за поддршка на надворешното финансирање на Обединетото Кралство – УКЕФ, на која што беше разговарано за деталите околу средствата што и се ставаат на располагање на Македонија за реализација на инфраструктурни проекти.

Во продолжение интегралната изјава на вицепремиерот Николоски: 

„Само што заврши најважната средба што ја имаме во агендата, а тоа е со претставниците од Инструментот за подршка на надворешното финансирање со Обединетото Кралство – УКЕф, на која што разговаравме околу деталите за средствата кои што Македонија може да ги користи во следниот период.

Се работи за 5 милијарди фунти кои што се ставаат на располагање на Македонија, нешто што беше потврдено од страна на УКЕФ и можам со задоволство да кажам дека овие 5 милијарди фунти односно 6 милијарди евра после овој состанок дефинитивно се ставени на располагање на Македонија.

Истите можат да се користат за проектно финансирање, тоа значи дека се врзани за проекти што значи дека ќе носат додадена вредност на Македонија. Тоа се проекти во делот на транспортот, здравството, образованието, во делот на енергетиката и животната средина.

Веќе разговаравме три сета на проекти, едниот е брзата пруга на коридор 10 од Табановце до Гевгелија, вториот е изградба и реконструкција на болници во Кичево, Тетово и Штип и третиот е изградба на медициски факултет заедно со студенски дом во Штип. Така што ова се три сета на проекти кои се веќе потврдени.

После потпишувањето на договроот Влада со Влада утре и ратификацијата на истиот во Собранието, ќе започнеме со официјални разговори во однос на начините на финансирање и реализација на овие проекти и во многу брзо време ќе излеземе со детали. Да спомнам дека со мене е и потпретседателот на Владата и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, утре ќе ни се придружи и министерката за образование Весна Јаневска, а со мене е и директорот на ЈП МЖ Инфраструктура, членови на мојот кабинет, така што очекувам да имаме успешна посета на Велика Британија. Сега следуваат политички средби, ќе имам средба со министерот за внатрешни работи на Велика Британија, министерот за одбрана, утре со минстерот за економија и извоз со кој заедно ќе го потпишеме Договорот Влада со Влада, така што навистина ќе имаме плодна агенда.

Кај нас Договорот ќе оди со ратификација во Собрание, во Велика Британија го усвојува Владата и малку е поедноставна процедурата и после тоа станува ефективен и потоа влегуваме во преговори за реализација на договорите. Јас кажав дека мојата амбиција е во текот на летото да имаме договори, а доцна на есен да имаме работа на терен”- изјави од Лондон, вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски.

 

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Сиљановска го објави името - Трајко Славески за нов гувернер на Народна банка

НАЈНОВО

Скриншот

(ВИДЕО) Реакција од Белата куќа на шегата на Еди Рама со Макрон и Алиев

October 3, 2025

Герасимовски: Имаме 120 хигиеничари кои деноноќно работат заради нефункционалноста на Комунална хигиена

October 3, 2025
Фото: СДСМ

Филипче од Струга: Со конкретни мерки ги штитевме граѓаните во секоја криза, ВМРО-ДПМНЕ ги остави сами

October 3, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фотомонтажа: Фронтлајн

    „Мисијата е силен застапник на Охридскиот рамковен договор“ – ОБСЕ со порака по одлуката за укинување на двојазичноста на униформите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Крвава кампања во Виница: Кандидат за советник брутално претепан за да се откаже од листата на ВМРО-ДПМНЕ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова: Изјавите на Мицкоски за Кочани се апсолутен недостаток на емпатија и се на граница на социопатија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Струмичанката Тина Русева блесна на „The Voice of Germany“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Реакција од Белата куќа на шегата на Еди Рама со Макрон и Алиев

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk