ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Фајнанс тинк: Продлабочувањето на економската соработка со Обединетото Кралство има суштинско значење за економскиот развој

May 22, 2025 11:30
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
фото:Фајнанс тинк

фото:Фајнанс тинк

Продлабочувањето на економската соработка со Обединетото Кралство има суштинско значење за економскиот развој и интеграцијата на нашата земја во пошироките глобални економски текови, оценува Институтот за економски истражувања и политики Фајнанс тинк во денеска објавениот став за заемот од Обединетото Кралство.

Фајнанс тинк воедно укажува дека ако британскиот заем е дополнување, наместо замена, на финансирање на буџетските дефицити од други извори како еврообврзници, тогаш нашиот каматен долг ќе продолжи да расте.  Порачува дека и да се гледа само низ призма на поволните услови, британскиот заем не смее да ги намали напорите за фискална консолидација и преку приходната и преку расходната страна на буџетот. Од технички аспект, укажува дека реализацијата на стратешкото партнерство ќе се судри со нашиот капацитет за реализација на капиталните проекти.

Фајнанс тинк потсетува дека историјата на билатерални односи со Обединетото Кралство веќе вклучува значителни елементи, како што се странските директни инвестиции од британски компании, кои придонесоа за отворање на нови работни места, трансфер на знаење и технологија, како и за подобрување на деловната клима во неколку сектори, вклучувајќи ги производството, енергетиката и услугите. Дополнително, трговската размена помеѓу двете земји покажува позитивен тренд, со зголемен извоз на домашни производи и услуги на британскиот пазар, а во рамки на склучениот Договор за слободна трговија по Брегзит. Оваа економска интеракција, според Фајнанс тинк, создава стабилна и продуктивна основа за понатамошно стратешко партнерство,

– Алоцирањето јавни средства за стратешки инфраструктурни и капитални проекти претставува клучен двигател на одржлив и долгорочен економски раст. Ваквите инвестиции имаат мултипликативен ефект врз економијата – од една страна, тие го поттикнуваат растот на бруто-домашниот производ преку директно ангажирање на градежниот и сродните сектори, а од друга страна, поставуваат основа за зголемена продуктивност и конкурентност на долг рок. Инвестициите во железничката мрежа, на пример, не се само логистички подобрувања, туку и стратешки чекори за зголемување на регионалната поврзаност, ефикасноста на транспортот на стоки и луѓе, и интеграцијата со трансевропските транспортни коридори. Вложувањата во здравствени капацитети претставуваат суштински одговор на долгогодишните слабости во здравствениот систем, особено во делот на еднаков пристап до квалитетна здравствена заштита надвор од главниот град. Сепак, од фискална гледна точка, ваквото отворено позајмување мора да се гледа во контекст на неколку клучни фискални ризици.Секое задолжување ќе влијае врз зголемување на јавниот долг, барем на краток до среден рок. Нема економска логика да се аргументира дека јавниот долг не би пораснал. Доколку проектите кои се предвидени да се финансираат се веќе проектирани во Фискалната стратегија, тогаш во најдобро сценарио, јавниот долг не би пораснал повеќе од неговата проекција во Фискалната стратегија, но тоа не неопходно значи дека тој би се намалувал, велат од Фајнанс тинк.

Сепак, наведува Институт, според постојните плански документи, не сите инвестиции кои се најавуваат преку ова партнерство се веќе вклучени во планираните буџетски расходи. Така, на пример, единствено мапиран проект е Клиничкиот центар во Штип (Фискална стратегија, стр.42), додека најголемата инвестиција – новата железничка пруга долж Коридорот X – не е буџетски планиран проект (Фискална стратегија, стр.31). Ако овие проекти не се вклучени во постојните среднорочни буџетски проекции, нивната реализација ќе доведе до поголем дефицит од планираниот, а со тоа и до повисок јавен долг. Под претпоставка дека половина од просечниот годишен износ на британскиот заем би претставувал буџетски дефицит над проектираното ниво во Фискалната стратегија, јавниот долг во 2029 година би изнесувал 65.9 проценти од БДП, наспроти моментално проектираните 62.2 проценти,

Од друга страна,  велат од Фајнанс тинк, поволност произлегува од условите за финансирање. Доколку станува збор за проектно финансирање со релативно ниски каматни стапки и грејс периоди, тоа би било поповолно во однос на алтернативните извори на финансирање на буџетските дефицити, како еврообврзниците. Во сценарио на фискална консолидација и сведување на буџетскиот дефицит до 3 проценти во следните 3-4 години, обемот на каматните плаќања би се намалил. Забележително е како тие во последните години драматично пораснаа, од 1.2 проценти од БДП во 2018 на 1.9 процети во 2024. Сепак, ова нема да биде релевантно доколку британскиот заем се додаде на веќе-предвиденото буџетско финансирање преку повисока потреба од задолжување, со што кусокот повторно би се обезбедил од друг извор.

– Оттука, додавањето на финансирањето со британскиот заем на веќе-проектираниот среднорочен буџетски дефицит претставува сериозен извор на фискален ризик. Од друга страна, доколку тој претставува финансирање во рамки на планираниот дефицит за следните три години, според предвидената фискална консолидација со Фискалната стратегија, ќе влијае особено поволно на јавните финансии и ќе даде значајна поддршка на фискалната консолидација. Ќе овозможи и постепено адресирање на суштинскиот проблем на структурниот буџетски дефицит во Северна Македонија, што беше идентификуван во нашата неодамнешна Студија за политиките 53: Фискална дисциплина и ефикасност на фискалните правила во Северна Македонија: патот кон одржливост. Сепак, адресирањето на структурниот буџетски дефицит бара консолидација и прудентност и на приходната и на расходната страна, преку борба со сивата економија, рационализација на непродуктивните расходи и раст на платите и пензиите според растот на продуктивноста, а не според изборните ветувања.

И да се гледа само низ призма на поволните услови, посочува Институтот, британскиот заем не смее да ги намали напорите за фискална консолидација и преку приходната и преку расходната страна на буџетот.

– Од технички аспект, важно е да се напомене дека реализацијата на стратешкото партнерство ќе се судри со нашиот капацитет за реализација на капиталните проекти. Досегашното искуство покажува дека ова е особена слабост на македонскиот систем – реализацијата на капиталните расходи секоја година е под проектираното ниво. Вклучувањето британска експертиза во планирањето и имплементацијата може да ги олесни домашните административни и технички тесни грла, што би значело повисок степен на реализација на проектите. Во таа смисла, за партнерството да даде брзи опипливи резултати, клучно е договорот да предвиди посебни механизми за адресирање на домашните административни тесни грла – на пример, преку заеднички координативни тела, поддршка за техничка експертиза или учество во директна имплементација на проекти. Но, помало вклучување домашни подизведувачи може да ги намали краткорочните ефекти од овие средства врз БДП, стои во ставот од Фајнанс тинк. 

Tags: Фајнанс тинк
Next Post

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ќе даде поддршка за предлогот Трајко Славески да биде иден гувернер

НАЈНОВО

ДИК одлучи: На независните кандидати ќе им бидат потребни само два потписа од избирачи за учество на локалните избори

August 17, 2025

Макрон: Путин не сака мир, туку капитулација на Украина

August 17, 2025

Фон дер Лајен и Зеленски од Брисел: Само Украина може да решава за своите граници, убивањето мора да се запре

August 17, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Македонците се бели мечки на кои вмро им го топи мразот!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Историјата репетирана: Цената на додворувањето кон Русија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Млада жена се обидела да ја убие бабата на својот сопруг со која живееле заедно

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што пишуваа германските медиуми за ескалацијата во Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДИК одлучи: На независните кандидати ќе им бидат потребни само два потписа од избирачи за учество на локалните избори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk