Цивилната одбрана во Појасот Газа соопшти дека шест лица се убиени, меѓу кои и двајца малолетници, во израелските напади изминатата ноќ врз центарот и југот на палестинската енклава, каде што Израел ја интензивира својата офанзива.
Портпарол на Цивилната одбрана изјави дека нивните тимови пренеле во болница најмалку шест мртви и десетина ранети лица по воздушниот напад врз населбата Амал во Кан Јунис, на југот на Појасот Газа. Меѓу загинатите се две деца од исто семејство.
Цел на израелските напади бил и палестинскиот бегалски камп Нусејрат во центарот на Појасот Газа.
Израелската војска досега не ги коментира овие палсестински тврдења.
По двомесечното примирје, Израел ја продолжи офанзивата во Појасот Газа, кој е опустошен од војната и се соочува со катастрофална хуманитарна ситуација.
За време на примирјето, околу 30 израелски заложници беа вратени, од кои осуммина мртви, во замена за ослободување на околу 1.800 Палестинци кои беа држени во израелските затвори.