ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Францускиот хирург педофил осуден на 20 години затвор

May 28, 2025 16:18
in ДЕНЕС, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Поранешниот француски хирург Жоел Ле Скуарнек (74), кој призна дека сексуално злоупотребил 299 пациенти, од кои најголем број деца, денеска е осуден на 20 години затвор.

Ле Скуарнек  сексуалните насилства ги извршил во периодот од 1989 до 2014 година кога работел во десетина медицински установи во западна Франција. Тој е осуден за  111 силувања и 189 сексуални напади и злоупотреба на својата положба како лекар. Од 299 жртви дури 256 биле помлади од 15 години. Просечната возраст на жртвите на Ле Скуарнек е 11 години, но поранешниот хирург е осуден и за  за силување на едногодишно дете и за сексуален напад врз 70-годишен човек.

Поранешниот лекар веќе е во затвор откако во декември 2020 година беше осуден на 15 години за силување и сексуален напад на четири деца, вклучително и две од неговите внуки.

Властите почнаа да го истражуваат Ле Скуарнек во 2017 година, откако шестгодишно девојче кое живееше во истата населба во југозападниот град Јонзак, тврдеше дека ја силувал. Истрагата покажала дека тој во 90-тите години од минатиот век ги силувал и своите две внуки и уште еден млад пациент. Во 2020 година тој е осуден на 15 години затвор. При претресот на неговиот дом полицијата пронашла десетици кукли кои ги користел како секс играчки и над 300.000 фотографии од сексуална злоупотреба на деца, како и неговите дневници каде опишува детали од нападите врз своите пациенти во текот на 25 години. Ле Скуарнек внимателно ги запишал имињата на своите жртви, од кои некои малтретирал во операциска сала.

Регионалните обвинители отворија посебна истрага за „неспречување кривично дело или прекршок против интегритетот на лицата“, иако таа сè уште не е насочена кон ниту еден поединец или институција. Се поставува прашањето дали Ле Скуарнек имал заштита од неговите колеги и од управата на болницата, бидејќи американското Федерално истражно биро (ФБИ) предупредило дела посетувал сајтови со детска порнографија. Но, болницата каде што работел му изрекла само условна казна. Исто така се претпоставува дека и семејството на Ле Скуарнек знаело дека е педофил, но не интервенирало.

Тој беше оженет и има три сина родени помеѓу 1980 и 1987 година. Двојката се раздели на почетокот на 2000-тите, но нивниот развод беше официјализиран дури во 2023 година.

Tags: осуденпедофилфранцускихирург
Next Post
Фото: Собрание на Република Северна Македонија

Собранието го донесе Законот за ратификација на Договорот со Обединетото Кралство

НАЈНОВО

Венс: Разоружувањето на Хамас и обновата на Појасот Газа се многу тешки задачи

October 22, 2025

„На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

October 22, 2025

Грција со 16,7 милијарди евра приходи од туризам до август, раст од 12%

October 22, 2025

НАЈЧИТАНО

  • „На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 22 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Зошто ВМРО победи убедливо и зошто СДСМ изгуби?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Лина Ѓорческа ја елиминираше четвртата носителка Бранкачо на турнирот во Роверето

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Д-р Пановски: Внимание, стаорците нема да чекаат втор круг на избори!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk