ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Мицевски: Стратешкиот договор е историски за Македонија, апел опозицијата да покаже конструктивност

May 28, 2025 12:57
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА

Стратешка позиционираност на Македонија во регионот, развој на инфраструктурата, здравството, енергетиката, науката, зацврствување на институциите… ќе овозможи Договорот за стратешко партнерство со Обединетото Кралство, изјави координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски информирајќи дека завршила комисиската расправа за ратификација на Договорот и оти за него ќе се расправа на денешната пленарна седница.

Ја повика опозицијата на коструктивност и апелираше да гласа за Договорот, оти како што рече, тој е историски за Македонија.

-Ние ги повикуваме да се приклучат на овој еден голем да речеме историски момент, а тоа е Договорот за стратешко партнерство. Фигуративно ќе кажам, возот е тргнат може да се качат ако сакаат. Мислам дека ова е последната станица на која можат да го фатат приклучокот, рече Мицевски.

Овој договор, нагласи, не е класифициран, не се чува во четири ѕида како претходните на владата на СДС и ДУИ. Се’ е транспарентно, затоа што и придобивките се јавни и достапни за граѓаните.

-Повикувам на зрелост и конструктивност од опозицијата предводена од СДС и ДУИ. Ова не е договор на ВМРО-ДПМНЕ, туку на Македонија, за сите граѓани. Неговото отфрлање е одење против народот и интересите на Македонија. Затоа очекувам прифаќање на подадената рака за заедништво и поврзување на Македонија. Ова не е време на поделби, на криминал и рушење на позиции. Сега е време на градење, придонесување за иднината на сите. Сега е време за Македонија, рече Мицевски на прес-конференцијата во Собранието.

Историски чин за Македонија е, како што рече, затоа што преставува цврст темел за односите со една од најголемите светски сили и мотор на финансиите, науката и иновациите.

-Македонија ќе може да ја направи железницата долж Коридорот 10, во две железнички линии, од кои едната ќе биде брза железница за возови над 160км на час, а другата линија за товарен транспорт. Линијата за товарен транспорт ќе ја подигне стратешката важност на Македонија и ќе го зголеми протокот на стоки низ државата од пристаништата во Грција кон Средна Европа. Само по основ на транзит, очекувано е државата секоја година да инкасира од 100 до 120 милиони евра. Ќе ја трансформираме државата на здравствен план. Овој договор ќе овозможи доизградба на Клиничкиот центар во Штип, медицински факултет и нов студентски дом, изградба на болница во Кичево и Тетово, рече Мицевски појаснувајќи делови од Договорот.

Овој договор, додаде, ќе овозможи пристап до знаење, искуство и експертиза од светско ниво. Македонија, според него, ќе има Британско искуство и помош, од кои ќе може да учи и по чии стандарди ќе се работи.

По постигнатиот договор за стратешко партнество со Обединетото кралство меѓу премиерот Христијан Мицкоски и неговиот британски колега Кир Стамер Мицкоски  што го објавија на средба во Тирана на 18 мај, одржана во рамки на Самитот на Европската политичка заедница, македонската Влада на седница на 20 мај го усвои текстот на Договорот со кој е дефинарно партнерство за реализација на инфраструктурни проекти, а Предлог законот за негова ратификација вчера беше испартен во Собранието.

Целта на Договорот, што ќе биде во сила 10 години, е да воспостави партнерство за поддршка на реализација на инфратсруктурни проекти, во секторите, транспорт, здравство, технологија, енергетика и други критични сектори во Република Македонија.

Next Post
Фото: МИА

АЕК бара нов термин за реваншот со Алкалоид

НАЈНОВО

Министерство за транспорт

Вицепремиерот Николоски во Будимпешта на прослава на Националниот ден на Унгарија

August 20, 2025

Кој сè е надлежен за спроведување на изборите – што е што во изборен контекст

August 20, 2025

Систина му се закани, Кедев одговори: Оваа тужба ќе биде можност конечно да се види што навистина се случува во македонското приватно здравство

August 20, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ФОТО) Шукова и Трајановски: Четири години негрижа – Џевахир претворен во срам за градот, комплетен институционален хаос

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Систина му се закани, Кедев одговори: Оваа тужба ќе биде можност конечно да се види што навистина се случува во македонското приватно здравство

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ калкулира со необјавување кандидати за градоначалници во поголемите општини, се повлекува од западна Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Кетаминската кралица“ ќе се изјасни за виновна за смртта на Метју Пери

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битиќи до Николоски: Концесијата на ВМРО-ДПМНЕ – симбол на криминал, падна на арбитража

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk