Концертот „Високи вибрации“, ќе се одржи вечерва со почеток во 20 часот во Македонска филхармонија. На сцената ќе настапи еден од највпечатливите пијанисти на денешницата – рускиот виртуоз Дмитри Маслеев, под диригентската палка на маестро Јерухам Шаровски од Израел.
Публиката ќе има можност да ужива во две капитални дела од рускиот композитор Сергеј Рахмањинов: Концертот за пијано и оркестар бр. 3 во де-мол и Симфонијата бр. 4 во еф-мол.
Дмитри Маслеев, добитник на првата награда на престижниот Меѓународен натпревар „Чајковски“ во 2015 година, е познат по својата длабока музикалност и техничка совршеност. Неговите настапи на светските сцени, како што се Музикферајн во Виена и Берлинската филхармонија, се проследени со одушевување од критиката и публиката.
Маестро Јерухам Шаровски, актуелен шеф-диригент на Македонската филхармонија, има богата меѓународна кариера со настапи во над 20 земји и соработка со реномирани оркестри, вклучувајќи ја и Израелската филхармонија.