ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Левица: Само нашите пратеници против најголемото задолжување во историјата на Македонија

May 29, 2025 13:15
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

– Со гласовите “За” на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, ЗНАМ, ВРЕДИ и ДУИ, Собранието усвои меѓународен договор за ново рекордно задолжување од 6 милијарди евра. Единствено Левица гласаше против. Особено загрижува начинот на кој договорот беше внесен во собраниска процедура – на шверцерски начин, преку политички договор со ДУИ и однапред координирана постапка. Седницата на Комисијата за надворешна политика, со која раководи претставник на ДУИ, беше итно закажана без претходна најава, со непочитување на деловничките рокови и без можност за суштинска јавна или експертска расправа. Ваквиот пристап претставува јасен доказ за договорено институционално шверцување на документот, со цел да се избегне транспарентноста и контролата што ја бара демократската процедура, соопштуваат од Левица.

Оттаму велат дека „со ваквото дополнително задолжување во време кога јавниот долг е веќе висок, Македонија се втурнува во состојба на финансиска зависност од странските кредитори и институции. Тоа значи дека државата сè потешко ќе ги сервисира своите обврски, што ќе го зголеми ризикот од финансиска нестабилност и дополнително ќе го ограничи економскиот суверенитет на земјата“.

„Договорот не предвидува никакви механизми на јавен надзор или отчетност. Во него нема информации за вклучување на домашни компании или работници, ниту се содржат заштитни клаузули во корист на националната економија. Недостасуваат и основни елементи на секој финансиски договор – не се наведени каматните стапки, роковите на отплата, грејс-периодот, ниту вкупната цена на задолжувањето за државата. Не е јасно дали каматната стапка ќе биде 2%, 4% или 8%, ниту колкав ќе биде периодот за отплата или кога ќе започне враќањето на долгот. Ваквата недореченост отвора простор за манипулација и финансиска неодговорност.

Во вакви услови, се создава подлога за клиентелистички зделки, коруптивни практики и партиски фаворизирани тендери зад затворени врати, без јавен увид или можност за контрола од страна на релевантните институции.

Дополнително загрижува тоа што договорот не создава никакви правно обврзувачки обврски. Тоа го претвора во симулација на надворешна политика и уште една алатка за политички маркетинг на Владата, која преку вакви документи си отвора простор неказниво да троши јавни пари под превезот на “меѓународно партнерство”.

Во случај на спор или штета по интересите на државата, договорот изречно исклучува каква било форма на судски или арбитражен процес. Тоа значи дека, доколку надворешната страна не го испочитува договорот, Македонија нема никаква правна алатка за заштита, што претставува директен удар врз правниот суверенитет.

Особено проблематична е клаузулата за „доверливост на информациите“, која забранува јавен увид, институционална проверка на процесите, трошењата и изборот на компании. Ваквата нетранспарентност овозможува тајни зделки, финансиски злоупотреби и системска корупција без можност за јавна, парламентарна или правна контрола.

Станува збор за договор што не само што ги заобиколува демократските процедури и јавниот интерес, туку и директно ја загрозува економската иднина и правната позиција на државата. Наместо развојна политика заснована на транспарентност, одговорност и вклученост на домашната економија, Македонија добива нова форма на долговна зависност без правна заштита и со сериозен ризик од институционална и фискална деградација“, се нагласува во соопштението од Левица.

Собранието вчера во рамки на 52. седница го донесе Закот за ратификација на Договорот меѓу Владата на Република Северна Македонија и Владата на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска во врска со партнерство за реализација на инфраструктурни проекти.

За законот гласаа 82 пратеника од кои 76 пратеници гласаа „за“, шест пратеници гласаа против, а воздржани нема.

Поврзано: 

Собранието го донесе Законот за ратификација на Договорот со Обединетото Кралство

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Трамп рејтинг

Анализа на Ројтерс: Компании изгубија милијарди поради царините на Трамп

May 30, 2025

Филипче објави поддршка на втор мандат во Крива Паланка за Митовски, СДСМ го започна караванот „Мугри на слободата“

May 30, 2025

Вајц за бугарската телевизија БТВ: Нема сомнеж дека Македонците се Македонци и дека македонскиот јазик е македонски

May 30, 2025

НАЈЧИТАНО

  • На која нација ѝ припаѓале Св. Кирил и Методиј и кој јазик го говореле?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали преку Алиу, Мицкоски сепак ги има ДУИ и Али Ахмети во владата?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хоџиќ: ВМРО-ДПМНЕ или ќе ретерира па ќе одбере да ја враќа државата кон ЕУ, или ќе нè носи кон изолација

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Таравари: Алијансата за Албанците, ДУИ и „Влен“ може да соработуваат на изборите во Кичево

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бугарското Собрание усвои резолуција во врска со напредокот на земјава во ЕУ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk