ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Меџити најави кривична за Арсовска: Ова е последен обид на Ахмети за дестабилизација преку општините

May 29, 2025 12:31
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Првиот заменик-претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити и денеска и порача на скопската градоначалничка Данела Арсовска да се занимава со своите надлежности. Тој најави и пријава против неа за, како што рече, лажни тврдења во врска со објектот во Чаир пред кој се сликала и го објавила. Меџити овој случај го квалификува како „последен обид и план на Ахмети за дестабилизација преку општините“.

Одговорајќи на новинарски прашања по почетокот на конференцијата за отпад, Меџити во однос на предлозите за министри и нивни заменици повтори дека Владата што побрзо ќе се комплетира зашто „нема време за губење и е посветена на реализација на програмата и проектите“.

Министерот очекува и да се зголемува бројот на пратеници во Вреди, а мисли и дека веќе, како што истакна, е зголемен.

Во врска со локалните избори, информира дека се во тек разговорите, но и се чекаат анкетите од различните агенции за Вреди да ги даде најдобрите и најсоодветните кандидати.

-Добро што Данела се појави зашто четири години не сме ја виделе. И кога очекувавме дека ќе каже нешто за ветеното, а несработеното во Чаир и Скопје, таа изигрува инспектор, контролор, но заборава дека јавните претпријатија се пред банкрот и ова е најлошо управување на Скопје откако памти историјата, заедно со ДУИ и Левица, истакна Меџити.

Според него, не треба да се заборави обидот на ДУИ и Али Ахмети за дестабилизиација на државата кој имаше план А, Б, Ц, а последниот беше со Таравари, но пропадна. Сега, дополни Меџити, инструментот е Данела Арсовска за дестабилизиација преку општините.

-Најавите беа дека ќе излезе на улица и нема да се врати, но гледаме дека тоа не се случи, бројката на пратеници е во полза на Вреди. Сега Вреди е уште повеќе зајакната. Ова е последниот план на Ахмети, овојпат не преку Таравари и други актери, туку преку Блерим Беџети, шефот на парламентарната група, Левица и инструментот е Данела Арсовска за дестабилизиација преку општините. Ако се работи за дивоградби, нема општина што нема дивоградби. Добро е што Арсовска почна од Чаир, но добро е да ја видиме и во Сарај, во Шутка каде што се нејзините партнери, добро е да каже за синот на шефот на парламентарната група Блерим Беџети кој има 17 години и Договор за интелектуални услуги во ЈП „Комунална хигиена“ каде директор е човек на Блерим Беџети. Не случајно се давиме во ѓубре на ниво на Град Скопје, добро е Данела да се занимава со нејзините надлежности, а не со друго, нагласи министерот.

Тој се осврна и на советниците, обвинувајќи ја ДУИ дека спровела попис кој ги поделил граѓаните на резиденти и нерезиденти.

-Немаше да има дилеми ако последниот попис што го организираше ДУИ беше како и сите претходни. Последниот попис ги дели граѓаните на резиденти и нерезиденти и затоа сега, кога се прави Буџет во министерствата за финансии, образование, мора да се почитува тој попис, по резидентно население, резидентни ученици. Ова е последица на пописот што го организираше ДУИ и затоа тие имаат најмалку право да се бунат. Да, се намалува бројот на советници во Гостивар, но расте бројот на советници во Студеничани. Се намалува бројот во Карпош и во други ошпштини, нема етнички предзнак и е последница на политиките на ДУИ, истакна министерот.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Трамп рејтинг

Анализа на Ројтерс: Компании изгубија милијарди поради царините на Трамп

May 30, 2025

Филипче објави поддршка на втор мандат во Крива Паланка за Митовски, СДСМ го започна караванот „Мугри на слободата“

May 30, 2025

Вајц за бугарската телевизија БТВ: Нема сомнеж дека Македонците се Македонци и дека македонскиот јазик е македонски

May 30, 2025

НАЈЧИТАНО

  • На која нација ѝ припаѓале Св. Кирил и Методиј и кој јазик го говореле?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали преку Алиу, Мицкоски сепак ги има ДУИ и Али Ахмети во владата?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хоџиќ: ВМРО-ДПМНЕ или ќе ретерира па ќе одбере да ја враќа државата кон ЕУ, или ќе нè носи кон изолација

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Таравари: Алијансата за Албанците, ДУИ и „Влен“ може да соработуваат на изборите во Кичево

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бугарското Собрание усвои резолуција во врска со напредокот на земјава во ЕУ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk