По речиси четврт век, Индијана Пејсерс ќе се борат за титулата шампион во НБА, откако синоќа победија против Њујорк Никс во шестиот натпревар од серијата, обезбедувајќи место во големото финале, каде што ќе се соочат со Оклахома Тандер.
Тимот од Индијанаполис до финалето стигна до доминантен начин, губејќи само четири натпревари во плејофот, додека синоќа славеше пред своите навивачи со резултат од 125:108. Покрај стандардно добриот Тајрис Халибартон, кој покрај 21 поен и 13 асистенции, херој на Пејсерс синоќа беше Паскал Сиакам со 31 поен, пет скока, три блокади и една украдена топка.
Човекот од Камерун се покажа како голем фактор за Индијана во овие плејоф натпревари, а неговите добри игри не останаа незабележани. Во серијата со Њујорк, тој просечно постигнуваше 25 поени, и со тоа беше награден со титулата МВП на финалето на Источната конференција.
Патувањето до финалето на НБА ќе биде негово второ во кариерата, откако ја освои титулата со Торонто Репторс во 2019 година.
-Ова беше неверојатно искуство за мене досега. Од првиот ден кога дојдов тука, чувствувам неизмерна љубов од сите. Ви благодарам, рече Сиакам.
Првиот натпревар од финалето на НБА е закажан за четврток, 19 јуни.