Напаѓачот на Реал Мадрид, Килијан Мбапе, му честиташе на својот поранешен клуб ПСЖ за освојувањето на Лигата на шампионите.
Мбапе играше за ПСЖ седум години, во кои Парижаните стигнаа до финалето во 2020 година. Тогаш беа поразени од Баерн Минхен со резултат 0:1. Минатото лето, фудбалерот се пресели во Реал Мадрид, верувајќи дека неговите шанси да го освои толку посакуваниот трофеј ќе се зголемат.
Сепак, тоа не се случи. Реал беше запрен во четвртфиналето, каде што беше елиминиран од Арсенал, додека неговиот поранешен клуб го освои натпреварувањето. Поради ова, францускиот фудбалер беше цел на шеги на социјалните мрежи.
Мбапе остана навивач на Парижаните и им честиташе на своите поранешни соиграчи во објава на социјалните мрежи.
-Големиот ден конечно пристигна. Честитки до ПСЖ за победата и начинот на кој ја освоија титулата!, сподели Килијан Мбапе.
Французинот имаше многу добра сезона. Во сите натпреварувања, тој собра 55 настапи, 44 гола и четири асистенции, и ја освои Златната копачка.