ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

СДСМ: 3,5 години власт на ВМРО-ДПМНЕ во Штип, неисполнети ветувања, поскапи давачки, скандали

June 3, 2025 11:51
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА

– За речиси  четири години градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ покажаа дека се само продолжена рака на нивниот патрон – Христијан Мицкоски. Наместо мерки и политики во служба на граѓаните, сведоци сме на  нефункционални општини и коруптивни шеми. Општината Штип е само една од општините каде градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ, по стапките на Мицкоски, ја претвораат локалната самоуправа во сервис за лични бизнис интереси, а не во сревис за  граѓаните. Но, наместо извинување и отчет пред штипјани, ВМРО-ДПМНЕ без срам, повторно го предлага Иван Јорданов за кандидат за градоначалник.  Истиот тој градоначалник кој четири години ја води општината крајно недомаќински, неспособно и коруптивно, на прес конференција на СДСМ, изјави Павел Иванов – претседател на ОО СДСМ Штип.

„Дали ВМРО-ДПМНЕ мисли дека Штипјани се граѓани од втор ред и немаат право на достоен живот во сопственото родно место?

Општинината наместо развој – доживува застој. Ветените проекти се само на хартија.

Во услови кога трошоците за живот секојдневно растат, кога граѓаните едвај врзуваат крај со крај, градоначалникот Јорданов дополнително удри по џебот на граѓаните.

Цената на водата порасна за 26%, Канализацијата за 16%, Сметот за цели 110%, Данокот на промет за 33%.

Зголемени се и цените за паркинг, такси превоз, надомест за градежно земјиште и имотен данок.

Додека Штипјани мора да ја полнат локалната буџетска каса, општинската администрација ја тресат скандали.

18 милиони денари потрошени за нафта што никој не знае каде и за што завршила. Секретарката на Општината гради дивоградба, а никој не презема одговорност. Се продаваат заштитени објекти како хотел „Гарни“ по смешни цени.

Општински имот како магацини, простории, земјиште – се распродадени без план и визија.  Клиничкиот центар е претворен во огласна табла за партиски вработувања – таму се и сопругата на Јорданов и братот на портпаролот на ВМРО Штип.

На сите овие скандали, долг е списокот на неисполнети ветувања од програмата на Јорданов, кој е подолг од било кој реализиран проект. Во интерес на времето ќе набројам неколку : Булевар „Партизанска“ и обиколницата – сè се уште „во тек“.

Градинки, детски центри, спортски сали, дом за стари лица, младински центар, атлетски стадион, картинг патека, гасификација, фотоволтаици, пречистителна станица и уште многу други проекти, се само на хартија. Ни трага ни глас од субвенции за велосипеди.

Во овие скоро четири години во Штип се реализираат само проекти кои се од личен бизнис интерс на партијата и градоначалникот. Како што е изградбата на фонтана со средства наменети за кровот на Штипската гимназија.

Денес, Штип е сообраќајно задушен, без паркинг, без семафори на клучна крстосница, со депонија што гори секој ден и прекини на вода во лето. ЈП Исар тоне во долгови, а за првпат по 40 години не се одбележа ни Денот на пожарникарите.

Ова е резултатот на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ во Штип – скапа и лажна  пропаганда, распродажба на ресурси, неисполнети ветувања и расипничко трошење на народните пари.

Граѓаните веќе ги препознаваат лошите политики на ВМРО- ДПМНЕ. СДСМ нема да молчи пред ваквото расипништво.Нашиот фокус е јасен – враќање на достоинството на Штип. Штип заслужува повеќе и подобро. А тоа ќе го донесе само нова, одговорна и чесна локална власт!“, истакна Иванов.

 

Next Post

24 Палестинци убиени од израелски оган додека чекале помош во Рафа

НАЈНОВО

ДИК одлучи: На независните кандидати ќе им бидат потребни само два потписа од избирачи за учество на локалните избори

August 17, 2025

Макрон: Путин не сака мир, туку капитулација на Украина

August 17, 2025

Фон дер Лајен и Зеленски од Брисел: Само Украина може да решава за своите граници, убивањето мора да се запре

August 17, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Македонците се бели мечки на кои вмро им го топи мразот!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Историјата репетирана: Цената на додворувањето кон Русија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Млада жена се обидела да ја убие бабата на својот сопруг со која живееле заедно

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што пишуваа германските медиуми за ескалацијата во Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДИК одлучи: На независните кандидати ќе им бидат потребни само два потписа од избирачи за учество на локалните избори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk