Претседателката Гордана Сиљановска Давкова смета дека во европскиот Извештај за напредокот на земјава што треба да биде објавен утре, реално ќе биде отсликана ситуацијата. Како што оцени денеска, одговорајќи на новинарски прашања, „овојпат како да има многу поголема ангажираност, посветеност и одговорност можеби зашто се зборува за извонредно познавање, добра намера и разбирање на сите процеси и односи што се случуваат“.
-Мислам дека е тоа многу важно, кога ќе читате еден извшетај да видите дека е реален, да му верувате, да видите дека некој одговорно се однесувал кон интерпретацијата кон собирањето на податоците, оти тоа е здраво и стимулативно и за нас ама и за сите други, истакна Сиљановска Давкова по конференцијата со која Државниот завод за статистика го одбележува осумдеценискиот јубилеј.