ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Кузеска: Економијата е пред колапс, каснат плати, дали Буџетот е празен?

June 4, 2025 12:34
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА

– Додека Мицкоски зборува за некаква силна економија, Македонија се наоѓа пред историски најсериозната економска и финансиска криза каква што не се памети во земјава од нејзиното осамостојување. Согласно сите индикатори кои се однесуваат на стабилноста на економијата и финансискиот сектор укажуваат на тоа дека Владата се наоѓа во сериозен кризен менаџмент, особено во Министерството за финансии. Тоа што како печурки никнуваат разноразни аналитичари кои зборуваат за некаков „економски раст“ е само потврда дека јавноста се подготвува за сериозна криза. Реалноста сепак е дијаметрално спротивна. Фактите говорат дека буџетот е пред целосен крах, на прес конференција изјави Богданка Кузеска – портпаролка на СДСМ.

„Повратот на ДДВ за фирмите не се враќа.

Фирмите, од најголемите извозници до малите бизниси, немаат поврат и ги трпат последиците. Немаат ликвидност, немаат пари за плати, се задолжуваат. Ова е прв јасен индикатор дека во државната каса нема пари.

Истовремено, земјоделците чекаат за субвенции што одамна требаше да ги добијат.

Најавите за „рекордна поддршка“ се целосна лага, реалноста е дека нема пари на сметките на земјоделците. Пари за субвенции се должат на сточарите, производителите на раноградинарски производи, а проблеми имаат и оризопроизводителите. Без овие пари не само што нема „рекордна поддршка“ на земјоделците, туку има рекордно осиромашување и девалвирање на земјоделското производство со што Македонија се повеќе станува увозно зависна дури и за храна.

Доцнат плати во институциите. Вработените  во образование, култура, дури и во дел од јавната администрација за прв пат  во 35 години од осамостојување на државата не се сигурни дали на први ќе ја добиајт нивната плата. Последен ваков случај е со доцнењето на платата во Министерството за внатрешни работи.

Ова не се исклучоци туку редовни месечни проблеми во различни сектори.

Владата ветуваше „нов економски циклус“, а денес – на половина година – има реализација под 20% на капиталните инвестиции што е најсериозен индикатор дека економијата не само што нема „историски раст“ туку е во сериозна стагнација. Тоа значи дека ништо не се гради, ништо не се движи економски. Ниту проекти, ниту вработувања, ниту локален развој. Единствен сериозен капитален проект во овој момент е Коридорот 8 и 10 започнат во времето на Владата на СДСМ.

Да биде ситуацијата уште потрагична, една милијарда евра од Унгарскиот кредит кој треба да го враќаме сите во наредните две децении е потрошен на сервисирање на редовни обврски на државата, а не за економски и капитални проекти како што беше најавувано.

Она што е уште поопасно е што ВМРО-ДПМНЕ се обидува да ја прикрие оваа катастрофа. Зборуваат за тоа дека „Македонија е економски тигар“, а проекциите за економијата покажуваат нешто сосема друго: економски раст од најмногу 2,8% во услови кога инфлацијата е над 3%. Тоа не е раст, тоа е негативен раст. Македонија не оди напред, туку тапка во место или уште полошо – се враќа назад.

Значи растот којшто сака власта да го престави е резултат на инфлаторно зголемена потрошувачка, а не на продуктивност, инвестиции или извоз.

Кога цените растат, се зголемува номиналната вредност на БДП, а тоа значи дека граѓаните плаќаат повеќе за иста количина производи и услуги. Ама имаат помалку.

Владата мери лажни проценти а граѓаните мерат сиромаштија во денари, гледајќи како цените растат побрзо од платите а нивните паричници се празни.

ДПМНЕ, ВЛЕН и привезокот ЗНАМ мора да одговорат и да не се крие, дали е точно дека најголем дел се потрошени за тековни раходи затоа што нема пари во буџетот?

Банкарскиот сектор е информиран да внимава со проектите, да не одобрува брзо, бидејќи државата не им префрла средства. Зошто? Повторно – затоа што нема пари.

Ова е економски колапс. Крах кој веќе се случува. Владата нема одговори, затоа што одговорот е еден – буџетот е празен.

Дали Македонија е пред државен банкрот?“, истакна Кузеска.

Next Post

Комитетот за надворешни работи на ЕП го одложи гласањето за усвојување на Предлог-извештајот за земјава

[adrotate banner=”27″]

[adrotate banner=”28″]

НАЈНОВО

Photo / the Greek Orthodox Patriarchate

Израелската опозиција ја нарече „катастрофа“ одлуката на кабинетот за Газа

August 8, 2025

Македонски тим од ФЕИТ со награда за најдобар научен труд за модел на ВИ на македонски јазик на конференција во Виена

August 8, 2025

Народната банка работи на нови мерки за полесен пристап до кредити за прв стан

August 8, 2025

НАЈЧИТАНО

  • OpenAI го претстави GPT‑5, достапен за сите корисници

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Лукровски: Планираме проект со кој би го разиграле кејот на Вардар, со локали и спортски терени за рекреација на младите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сарачини: Политичарите „оглувуваат“ кога се зборува за национал-шовинизмот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДИК донесе упатство за избор на нови избирачки одбори за претстојните локални избори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Воените ветерани протестираат денес во Приштина, против Специјалниот суд во одбрана на војната на ОВК

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk