ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home КУЛТУРА

Љутков: Со пуштањето на оваа поштенска марка го почитуваме минатото, го славиме јазикот, кој не поврзува, решени да го зачуваме за идните генерации

June 4, 2025 12:20
in ДЕНЕС, КУЛТУРА
Share on FacebookShare on Twitter

Кога се грижиме за јазикот се грижиме и за себе, за нашите деца за споменот на нашите претци, порача министерот за култура Зоран Љутков на денешната промоција на поштенската марка изработена по повод 80 години кодификација на македонскиот јазик.

Министерот во своето обраќање посочи дека човекот без јазик е исто како дрво без корен.

-Низ годините нашиот јазик изгради мостови од селските училишта до големите универзитети, од народната песна до современата книжевност, го зборуваат стари, млади, дома и во дијаспората, на улица и на сцена затоа да се грижиме за јазикот, бидејќи кога се грижиме за јазикот се грижиме и за себе си за иднината на нашите деца и на споменот на нашите претци. Особено задоволство ми е што во годината кога одбележуваме 80 години од неговата кодификација промовираме специјална поштенска марка со која му оддаваме почит на нашиот јазик, во овој свет на брзи комуникации и дигитална мерка се чини дека поштенската марка е нешто минато, но не е така таа е токму спротивното, истакна Љутков.

Тој оцени дека поштенската марка има огромно значење.

-Затоа оваа поштенска марка има огромно значење, со нејзиното пуштање во оптег пуштаме и порака која е истовремено и еден вид честитка, порака дека го почитуваме минатото, го славиме јазикот кој не поврзува и решени сме да го зачуваме за идните генераци. Таа ќе патува низ светот и ќе раскажува за осум децениската јазична зрелост за генерации писатели поети научници кои го градеа македонскиот јазик, истакна министерот.

Директорот на поштенскиот сообраќај Бојан Кереместевски информира дека поштенската марка е изработена од бирото за за филателија на Македонски пошти, дека дизјанот е на Лариса Донев, номиналната вредност е од 36 денари, а е испечатена во тираж од шест илјади примероци.

-Ова е особено важно за нас како институција бидјеќи поштенските марки се амбасадор на една држава, така што ова мало парче уметничко дело исто како пишаниот збор патуваат и ја претставуваат културата и традицијата на Република Македонија. Поштенската марка нека биде доказ за љубовта кон нашиот јазик на кој се напишани безброј дела на нашите македонски автори, дела преведени во светската литература, изјави Кереместевски.

Симона Груевска Маџовска која е координатор на координативното тело за одбележување 80 години сподели детали за активностите кои ќе се одвиваат во текот на целата година во рамки на овој јубилеј.

-Можам да кажам дека направивме богата програма која веќе се реализира во голем дел, но ќе се реализира и понатаму до крајот на годината. Познато е дека централните настани беа на 5 мај кој е ден на македонската азбука, овој настан гледавме да биде блиску до 7 јуни, бидјеќи тоа денот кога е донесена револуцијата за македонскиот правопис. Веќе се органиизрани голем дел од активностите, ќе имаме меѓународни научни конференции на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ и на Институтот за Македонски јазик „Крсте Мисирков“, активности на државниот Факултет во Тетово на Универзитетот во Штип, Педагошкиот Факултет во Битола и понатаму ќе продолжиме, секако вклучени се и други институции како што е Универзитетската библиотека „Климент Охридски“, информира Груевска Маџовска.

Tags: Љутковпоштенска марка
Next Post

Кузеска: Економијата е пред колапс, каснат плати, дали Буџетот е празен?

НАЈНОВО

Скриншот од видео на ABC News (Australia)

Јужноафриканец чека депортација откако му беше одземена австралиската виза поради учество на антисемитски неонацистички митинг

November 18, 2025

Александар Вучиќ пријавен во Јавното обвинителство во Милано за случајот „Сараево сафари“

November 18, 2025
Фото: Скриншот, видео Инстаграм

Би-Би-Си ѝ се извини на принцезата Кетрин поради погрешно ословување во преносот за Денот на сеќавањето

November 18, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Леонардо Дикаприо. Фото: Скриншот

    Леонардо ди Каприо откри кој е неговиот „омилен актер на сите времиња“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 18 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Том Круз доби Почесна награда на „Governors Awards“ – Академијата му оддаде признание за влијанието врз модерната кинематографија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Украински борбен робот сам бранел позиција цели шест недели

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Албанија ја претрча Македонија на патот кон ЕУ, Мицкоски упорно инсистира дека не е така – Брисел упорно го демантира

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk