ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Курбан Бајрам, најзначајниот празник во исламкиот верски календар по Рамазанскиот Бајрам

June 6, 2025 10:08
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Муслиманите во Македонија и ширум светот денеска го слават Курбан Бајрам, најзначајниот празник во исламкиот верски календар по Рамазанскиот Бајрам (Фитр Бајрам). За да го одбележат овој празник, муслиманите принесуваат жртва – курбан која симболизира приближување кон Бога. Оние кои принеле жртва, тоа е обично овен, потоа месото го раздаваат на соседите, роднините, пријателите и на сиромашните.

Така, курбанот во исламската вера постои како израз на обожување. Ова го потврдува и самиот израз во Куранот – светата книга на муслиманите каде се вели: „И за секоја нација одредивме место за колење (на курбанот), за да можат да го споменат името на Господ затоа што им обезбеди животни. Вашиот Бог е еден; затоа покорете му се на него и благовести ги послушните!”

Познат е и како Бајрам на аџиите, бидејќи во деновите на овој празник се изведува и ритуален аџилак во Мека. Аџилакот е една од петте свети должности на муслиманите.

Послушност кон Божјата заповед – пророкот го жртвува својот син

Воедно овој празник го одбележува доказот со кој се соочи Пророкот Ибрахим (Абрахам) кога му беше дадено да го жртвува својот син Исмаил. Според исламското учење, Бог го заменил Исмаил со овца (животно) пред да се случи настанот, поштедувајќи му го животот.

Во пресрет на одбележувањето на големиот муслимански празник Курбан Бајрам, во Дебарско, во тек е продажба на овни и овци кои се принесуваат како курбан за овој празник, кој годинава се паѓа

Дефиницијата за курбанот во верското учење е: општ назив за животните (камили, крави или овци) кои се колат на денот на Курбан Бајрам и во следните три дена како чин на приближување кон Бога. Животното кое се принесува како курбан мора да биде на одредена возраст, да биде здраво и со сите делови од телото. Знак за обврската за курбанот, како што објаснуваат оџите, се наоѓа и во правилото во Куранот каде што Алах вели: „Затоа, ти моли се и коли курбан во чест на твојот Господ“. Според исламската вера, колењето курбан е голем показател дека човекот е подготвен да се жртвува за Алаховата вера и неговата послушност кон Создателот. Најдобриот збор е зборот на Господ кој во Куранот вели: „Кај Господ не стигнува ниту нивното месо, ниту нивната крв, туку до Него стигнува вашата побожност. Тој ви ги подложи, за да можете да го прославите Бог за насоките што ви ги даде. Споделете ја добрата вест до добротворните“.

„Верниците се браќа“

Аџилакот, како друг услов за овој значаен празник за верниците муслимани е обожување во кое човекот го препознава своето место во универзумот – во Арафат (Мека – Саудиска Арабија), каде што првиот човек го препознал своето место на Земјата. Така, задолжително е да се изврши аџилак еднаш во животот, и тоа за возрасен муслиман и муслиманка, доволно богат за да обезбеди прехрана за својот дом до неговото враќање и способен да оди таму. Затоа, втората порака на Курбан Бајрам е аџилакот и ние повторно сме во неговите денови. Милиони луѓе од различни делови на светот, со голем напор и пожртвуваност, тргнуваат на најдолгото патување кое ги води до средба со Бога, историјата и човекот.

Од Република Северна Македонија на аџилак годинава ќе заминат 2.030 верници, што е повеќе од двојно повисока бројка од минатата година, кога во светите места беа 919 верници, изјави за МИА, И

Според верските одредби, сите аџии носат иста униформа за време на Хаџот и сите, без оглед на занимањето, положбата и класата, имаат еднакви права да влезат во Божјото светилиште.

Титулите на честа и славата на овој свет не се земат предвид, ниту, пак, им се дава приоритет, пред вратите на милоста на Господ сите се еднакви. Таму на посебен начин се манифестираат зборовите од Куранот: „Верниците се браќа“. Покрај тоа што Курбан Бајрам е симбол на радост, тој е и симбол на практична лојалност кон исламот изразена преку пожртвуваност и жртвување на патот Божји, преку триумфот над егоизмот и себичноста, победата над сатаната на патот на духовното воздигнување кон милоста Божја.

Важноста на празникот не само како верска обврска

„Оној кој не се грижи (не покажува интерес) за муслиманите, не им припаѓа ним“, рекол пророкот Мухамед определувајќи ги круговите на таа солидарност. Тука произлегува и големата важност на Курбан Бајрам кој не е само верска обврска, туку многу повеќе – суштинска компонента на севкупна исламска култура и силен показател за нејзиниот идентитет.

„Верувам дека во борбата против политичкиот ислам во ЕУ, по примерот на Австрија, треба да се воспостави европски регистар на имами“, потенцира таа во интервју за германски „Велт ам Зонтаг“.

Исламот воедно придава големо значење на индивидуалната и колективната чистота, но и на духовната чистота итн., поаѓајќи од ова, некогаш, но и денес, примарна должност на муслиманските семејства е чистењето и уредувањето на домовите за во деновите на Курбан Бајрам да изгледаат што е можно попријатни. Во деновите на празникот со враќањето на луѓето од џамија во нивните домови, започнуваат подготовките за колење на курбанот. Откако ќе завршат со колењето на курбанот, неговото месо се дели на три еднакви дела. Дел се дава на сиромашните, остатокот се дава на соседите, роднините и пријателите, додека дел останува на главата на семејството и неговите членови. Децата го споделуваат месото од курбанот, со цел на сите оние на кои им се споделува курбанот да имаат можност навреме да го подготват оброкот за Курбан Бајрам. Она што е познато е дека за време на Курбан Бајрам, муслиманите треба да бидат променети во најдобрата облека што ја имаат. И пророците како што се Мухамед и другите се облекувале добро. Облеката не е само за оние кои одат во џамија, туку за сите.

„Софрата” за Бајрам и помирувањето меѓу луѓето

Бајрам се прославува со најблиските. Софрата за Курбан Бајрам, односно ручекот за Курбан Бајрам е составен дел од одбележувањето на овој празник. Сè е подготвено на посебен начин: прекривка за софрата (масата), садови, обилни оброци. Се разбира, главната состојка што се наоѓа на масата на празникот Курбан Бајрам е месото по повод овој празник.

Месото од жртвуваното животно се дели на три дела: семејството чува една третина, втората третина се дава на роднини, пријатели и соседи, а преостанатата третина се дава на сиромашните и на тие кои имаат потреба. Покрај разновидната храна, важно место заземаат и најомилените десерти, како типичниот турски десерт баклава, но можете да ги поминете и со десерт што го преферирате.

На првиот ден од Курбан Бајрам, обично се посетува блиското и поширокото семејство, а подоцна и соседите, пријателите, колегите, итн. Еден муслиман кој се обидува да ги помири луѓето на денот на Бајрам, го одложува наплатувањето на долгот што луѓето го имаат кон него, навреме им ја дава платата на своите работници и подарокот за Бајрам, го раздава месото на курбанот и храната на сиромашните и тие што имаат потреба, за и тие да можат да се подготват за Бајрам. Оној кој принесува курбан е човек кој ја пренесува радоста на Бајрам кај другите.

Многу се зборовите напишани за мудроста на оваа жртва во вековната исламска литература каде што се покажува дека покрај секое обожување, курбанот е и приближување кон Алах, но и стремеж кон солидарност и благосостојба на Бајрамската софра.

Фами Бајрами / МИА

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: Курбан Бајрам

НАЈНОВО

САД му помогна на Израел да пресретне ирански ракети, Нетанјаху со закани кон Иран – „уште повеќе се на пат“

June 13, 2025

Ракетни напади на Иран ги тресат зградите во Израел, има повредени

June 13, 2025

(ВИДЕО) Иран лансирал ракети кон Израел, експлозии во Тел Авив

June 13, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Македонија полека но сигурно станува мала Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Поради притисоци по поддршката на студентите, овој EXIT ќе биде последен во Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Индискиот авион се урна врз хостел за лекари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија поведе против Молдавија во Дејвис купот, Мицов го донесе првиот поен

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Интервју со Каја Шукова на НоваТВ: Владата на ВМРО-ДПМНЕ нема план ни за со ЕУ, ни без ЕУ, и тоа сериозно треба да ги загрижи граѓаните

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk