Белоруската тенисерка Арина Сабаленка и Американката Коко Гоф попладнево ќе се соочат во финалето на Грен слемот во Париз.
Завршниот меч на женскиот дел на „Ролан Гарос 2025“ ќе биде дуел на првата и втората носителка на турнирот.
Вкупниот награден фонд на вториот од четири најголеми турнири во годината изнесува 56,4 милиони евра.
Женското финале на теренот „Филип Шатрие“ е закажно за 15.30 часот.
Утре во машкото финале ќе се сретнат Јаник Синер (Италија) и Карлос Алкараз (Шпанија).