Ламин Јамал има сезона од соништата. Ова влијаеше и на неговата цена на реномираната веб-страница Трансфермаркет, па сега младиот Шпанец вреди околу 200 милиони евра!
Во споредба со последната „пресметка“, цената на Јамал се зголеми за 20 милиони евра. Има и такви чија цена значително се намали, а меѓу нив е и Бразилецот од Реал Мадрид – Винисиус. Тој сега вреди 30 милиони евра помалку, Трансфермаркет го проценува на 170 милиони евра.
Како резултат на тоа, бразилскиот интернационалец се лизна на петтото место по вредност. Пред него, а зад Јамал, моментално се тројца фудбалери, чија вредност е 180 милиони евра – Џуд Белингам, Ерлинг Халанд и Килијан Мбапе.
Следен е првиот играч на Арсенал, Букајо Сака, кој е проценет на 150 милиони евра, по него следуваат Педри од Барселона.
Највредните играчи според Трансфермаркет:
1. Ламин Јамал (Барселона) – 200 милиони евра
2. Џуд Белингем (Реал Мадрид) – 180 милиони евра
2. Ерлинг Халанд (Манчестер Сити) – 180 милиони евра
2. Килијан Мбапе (Реал Мадрид) – 180 милиони евра
5. Винисиус Жуниор (Реал Мадрид) – 170 милиони евра
6. Букајо Сака (Арсенал) – 150 милиони евра
7. Педри (Барселона) – 140 милиони евра
7. Флоријан Вирц (Леверкузен) – 140 милиони евра
7. Џамал Мусиала (Баерн) – 140 милиони евра
10. Федерико Валверде (Реал Мадрид) – 130 милиони евра.