Забрануваме 173 нови нелегални приредувачи на онлине игри на среќа, објави министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски на неговиот Фејсбук профил.
– Апелирам до досегашните играчи, во најбрз можен рок да ги повлечат сите депонирани средства и да не се подведуваат на лажните и манипулативни е-маил пораки кои ги наведуваат да ги користат овие нелегални страници на несигурен и небезбеден начин. Никој не може да нè заштити ако не се заштитиме сами!, порача на ФБ министерот Андоновски.