Четвртото издание на Фестивалот на инклузија почнува денеска и ќе трае до 15 јуни.
Како што информираат од здружението „Икуалити“, фестивалот што се одржува на повеќе локации низ Скопје, освен што го слави новото име „inFusion“, оваа година нуди и повеќе од 30 настани распоредени во пет тематски денови – перформанси и театар, уметност, музика, спорт и гејминг.
– Фестивалот со својата разновидна програма е отворен за сите кои веруваат во силата на културата и вклученоста, потенцираат од „Икуалити“.
Сите новости и детали околу овогодинешната програма и фестивалските содржини се достапни на официјалната веб-страница на Фестивалот.