– Скопје заслужува градоначалник со визија и вредности кои граѓаните сакаат да ги гледаат во водењето на главниот град. Очигледно е дека многу работи во управувањето со Градот треба да се променат за да стане модерен, одржлив и европски. Во дефинирање на политиките за претстојните локални избори активно учествувам, пред се поради повеќе од 25 годишното искуство во решавање на проблемите на животната средина, но и комуналните проблеми. Локалната самоуправа ја следам во целиот мој работен век, знам кои се недостатоците и кои се потребите на општините, вели потпретседателката на СДСМ и партиски кандидат за градоначалничка на Скопје, Каја Шукова во интервјуто за Нова тв кое редакцијата ќе го објави утре во рубриката „Тема“.
– Во моментов се одвиваат внатрепартиски процеси за избор на кандидати за градоначалници, вклучително и за кандидат за Град Скопје. Верувајќи во своите вредности и знаење, поднесов кандидатура за градоначалник, но партиските членови во транспарентен процес се тие кои на крајот ќе одлучат дали јас, или некој од останатите кандидати, како професор Ралев, за кој сметам дека е сериозно добар кандидат за позицијата, ќе биде номиниран за иден градоначалник на Град Скопје, истакна Шукова.