ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Проданоски: Владата направи меѓународни чекори што оваа држава не памети за толку краток временски период

June 12, 2025 20:25
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Во вечерашната емисија „Само вистина“ на Канал 5 телевизија, гостуваше пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Дејан Проданоски, кој дебатираше на повеќе теми од кои во фокусот ги стави успесите на Владата, стратешките договори кои се од клучно значење за државата, но исто така истакна дека нема потреба од парламентарни избори.

Во своето гостување пратеникот истакна дека нема потреба да се зборува за предвремени парламентарни избори, бидејќи не се потребни со оглед на тоа дека  граѓаните си го кажаа својот став и мислење на изборите минатата година.

„Прашањето за предвремени избори навистина не е потребно и  не и треба на Македонија сега таква екскурзија, затоа што имаме сега тест којшто се случува во октомври и мислам дека тука ќе бидат познати повеќе работи, мислам отсега да се зборува за предвремени парламентарни избори на вакво едно максимално мнозинство коешто го доби ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Твоја Македонија“, вклучително и коалициониот партнер Влен, мислам дека нема основ да се бара предвремени парламентарни избори, гласачите минатата  година во мај си го кажаа своето“, вели Проданоски.

Тој исто така наведе дека сега се значајни локалните избори, во насока на подобрување на квалитетот на  животот и истакна дека очекува период во кој ќе се работи за добробит на македонскиот народ.

„Мислам дека сега е време да се спрема оваа држава за локалните избори и очекувам по развој на нештата и по анкетите како што се, дека Република Македонија очекува еден период мирен, три години имаме следни без избори, тие години треба да ги посветиме на македонскиот народ на македонската држава и дека треба да работиме за добробит односно за подобрување на квалитетот на живот на секој македонски граѓанин“, рече Проданоски.

Во емисијата пратеникот се осврна и на многубројните успеси на Владата, ги потенцираше клучните договори кои се потпишани, како тој со Велика Британија и Унгарија, истакнувајќи дека тие се од суштинско значење за државата.

„За некој ден една година Влада, мислам дека се  направија такви меѓународни чекори што оваа држава не памети за толку краток рок, без даден влог, односно без продавање на она што е свето и што значи македонски идентитет, јазик и така натаму, но она што значи многу за македонскиот граѓанин. Стратешко партнерство со Велика Британија навистина не е менување на курсот на движење на државата, зајакнување на партнерството со САД исто така сметам дека е важно  , клучно за мене е потпишувањето на тој стратешки договор со Унгарија и тоа е сериозна помош, сметам дека се движиме во вистинска насока. Заложбите на Владата за една година не враќаат на вистинските позиции, онака како што заслужуваме“, истакна Проданоски.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post
Фото: МИА

Не помина во Собранието предлог законот за една изборна единица со отворени листи предложен од Зајкова

НАЈНОВО

Слика од израелското министерство за надворешни работи ги прикажува активистите за помош на Коалицијата „Флотила на слободата“ откако нивниот брод беше качен од израелската војска. Фото: Израелско министерство за надворешни работи/X

Израелските сили пресретнаа нова флотила со помош за Газа

October 8, 2025

По предлог на Васев пациентка на Онкологија примала експериментална терапија – ново сведочење на судењето за случајот „Онкологија“

October 8, 2025
Фото: Скриншот од видео на 24 Канал

Проукраинските партизани предизвикаа излетување од шините на возот со воен товар во руската Ленинградска област

October 8, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Фронтлајн

    Без вода утре повеќе улици во општините Центар и Аеродром

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 8 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претреси во домови за стари лица во Скопје под сомненија за нехуман третман, две лица лишени од слобода

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Гласини и факти за меѓуѕвездената комета 3I/ATLAS

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Почина Панчо Минов, поранешен градоначалник на Кавадарци, пратеник и носител на независна листа за Локалните избори 2025

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk