Националната иранска компанија за рафинирање и дистрибуција на нафта денеска соопшти дека не е пријавена никаква штета на нафтените постројки во земјата и дека процесот на снабдување со гориво продолжува.
„Досега не е пријавена штета на нафтените постројки во земјата и процесот на снабдување со гориво продолжува“, се вели во соопштението, според ИРНА.
Претходно денеска, Регионалната електроенергетска компанија сооппшти дека електричната мрежа во главниот град и покраините Ком и Алборз е во целосно стабилна состојба и дека снабдувањето со електрична енергија се одвива без проблеми.
Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) соопшти дека иранскиот нуклеарен комплекс Натанз бил цел за време на израелскиот напад и дека агенцијата е во контакт со иранските власти во врска со нивото на радијација.