Најмалку 95 лица се повредени на целата територија на Иран во серијата напади извршени од Израел, пренесоа светските агенции, повикувајќи се на изјава на ирански функционер за Иранската државна телевизија.
„До моментов, 95 лица се повредени и однесени во медицински центри во 12-те различни провинции каде што беа извршени нападите“, изјави Моџтаба Халеди, портпарол на Националната служба за итни случаи.