ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Измените и дополнувањата на Изборниот законик поминаа на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците

June 13, 2025 16:20
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Предлог законот за изменување и дополнување на Изборниот законик, по скратена постапка помина на денешната седница на собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците.

На седницата не беа прифатени амандманите поднесени од пратеници од опозицијата

Пратеникот Сали Мурати од Европски фронт, рече дека ова значи враќање назад и дека се спроведува без пошироки консултации. Тоа, како што додаде, значи нееднаквост и системска дискриминација против независните кандидати.

– Не станува збор само за технички измени. Тие создаваат систем на институционализирана дискриминација. Граѓански кандидат во општина од 10 илјади избирачи мора да собере сто потписи, што претставува еден процент од избирачкото тело. А граѓански кандидат во Скопје мора да собере три ипол илјади потписи, појасни Мурати.

Тој реагираше и на тоа, што, како што истакна, има недефинирани критериуми за интернет порталите.

Со амандманите, меѓу другото, побара намалување на потребниот број потписи, од илјада на петстотини и рече дека е тоа согласно на европските стандарди. За, како што додаде, поголемо учество на граѓанските кандидати и поголема демократија.

Во името на предлагачите на Предлог законот, говореше пратеникот Бојан Стојаноски од ВМРО-ДПМНЕ. Тој истакна дека суштината е во регулација на правни празнини и дорегулација. За подобрување на изборниот процес,  согласно на препораките. Притоа, појасни дека се решава и проблемот што претходно се појавувал во пракса, околу транспорт на избирачки материјал и кога една општина има блокирана сметка.

– Овде се инкорпорирани препораки од ОБСЕ и ОДИХР, максимално се излегува во пресрет на сите, подвлече Стојаноски.

Муса Џафери рече дека на сево ова му претходела недоволна информираност, а Арбана Пашоли додаде дека биле заобиколени и неконсултирани во процесот.

– Изборниот законик е основа врз која се гради довербата кај граѓаните во изборниот процес и оваа база не може да се разниша со еднострани одлуки, истакна Пашоли.

Дијана Тоска изрази сомнеж и како што рече, ова е кршење на демократијата и губење на довербата кај граѓаните во изборниот процес. Треба, додаде таа, координација, транспарентност и јавна дебата.

Откако помина на собраниска Комисија, Предлог законот оди на пленарна седница.

Претходно, граѓански здруженија реагираа дека Изборниот законик станал оружје против независните. Тие истакнаа  дека со Предлог законот за изменување и дополнување, се погазува одлуката што ја донел Уставниот суд за укинување на претходните противуставни измени на Изборниот законик, што Собранието ги донело во март 2024 година.

Според нив, истото се случувало и со сегашните предлози.

– Денешните измени на Изборниот законик не се во функција на поттикнување, туку во функција на ограничување на плурализмот на политичките ставови и мислења, што е прекршување на уставно загарантираното право на кандидирање за јавна функција што го има секој граѓанин на Македонија уредено во чл. 23 од Уставот. Ова право воедно е и една од темелните вредности на македонскиот уставен поредок. Предложените измени не создаваат услови за плуралистичка политичка клима, фер изборен натпревар и средина во која ќе се промовира учество не само на политичките партии, туку и на другите групи и поединци во политичкиот и јавниот живот, во која и граѓаните како поединци ќе можат слободно, како независни кандидати да ги изнесуваат своите ставови и мислења кои најчесто се различни и спротивни од оние на политичките партии и партиските кандидати, подвлекоа тие.

Притоа додадоа дека недозволиво е флагрантно непочитување и газење на одлуката на Уставниот суд.

– Одлука, која јасно вели — не смее да има зголемување на потребниот број на потписи за предлагање независни кандидати. Ние ќе поднесеме амандмани на предложените измени на партиите, во согласност со мислењето на Уставниот суд и Уставот, соопштија незадоволните граѓански здруженија.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: дополнувањаИзборниот законикИзмени
Next Post

(ФОТО) Како би изгледала Ајфеловата кула ако ја дизајнирале други познати архитекти?

НАЈНОВО

Со одлука на Меџити се затвора нестандардната депонија за отпад во Никуштак

September 15, 2025

Првични резултати од пожарот во Трубарево: Загаденоста на воздухот трипати над дозволеното

September 15, 2025
Фото илустрација, генерирано со ВИ

Трамп: Блиску сме до договор со Кина за „одредена компанија“

September 15, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: МИА

    Дуел за Штип: Само двајца кандидати за градоначалник, 11 листи за советници

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Митева: СДСМ и Филипче со патолошки пристап во политиката, без аргументи создаваат магла и лажни скандали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Шукова: Нема протокол, има чад, имам план за заштита на граѓаните од пожарите и депониите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Стеваноски реагира: Полицајци во цивил од Скопје се однесуваат насилнички и застрашувачки во Прилеп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од Старата чаршија до младинските центри: Меџити ја претставува визијата за Чаир во интервју за Фронтлајн

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk