Египет внимателно ја следи ситуацијата во регионот по израелската воена операција во Иран, изјави египетскиот премиер Мостафа Мадбули, цитиран од весникот „Ал Масри Ал Јум“.
Тој додаде дека во координација со гувернерот на Централната банка, Хасан Абдула, и министерот за финансии, Ахмед Кучук, се работи на зголемување на залихите на стратешка стока во земјата.
Закажан е состанок со министрите за електрична енергија и нафта и минерални ресурси за да се разгледаат сценаријата за последиците од воените случувања во регионот.