Американскиот претставник во Советот за безбедност на ОН, Мекој Пит, изјави дека Вашингтон бил однапред информиран за израелските напади врз Иран, но не учествувал во нив.
– Секоја суверена држава има право на самоодбрана, а Израел не е исклучок. Израелската влада ни соопшти дека нападите се неопходни за нивната самоодбрана, рече Пит.
Тој нагласи дека приоритет на САД останува заштитата на своите граѓани и сили во регионот и упати јасно предупредување до Иран:
– Последиците за Иран ќе бидат сериозни доколку ги нападне американските воени сили во регионот.