Тензиите меѓу Израел и Иран остануваат високи на вториот ден од отворениот конфликт, без знаци на деескалација, пренесува ДПА.
Според израелската војска, изминатата ноќ Израел бил цел на серија напади со ракети и беспилотни летала од Иран. Најмалку три лица се убиени, а десетици се повредени.
Портпарол на израелската војска изјави дека повеќето ирански ракети лансирани во текот на ноќта биле пресретнати, но некои погодиле цели, одобено во централен Израел и Тел Авив, каде што неколку згради се сериозно оштетени.
Дел од медиумите пренесуваат дека американските сили распордени во регионот му помагаат на Израел во операциите за ракетна одбрана, за што засега нема официјална потврда.
Израел најави дека и покрај иранските одмазднички удари, ќе продолжи да гаѓа позиции во Иран.
Ноќешните напади на Иран се одмазда за големиот израелски напад извршен во четвртокот, насочен кон нуклеарните постројки и воените лидери на земјата.
Во израелските напади загинаа најмалку 78 лица, вклучувајќи високи воени функционери, а повеќе од 320 се повредени – повеќето цивили, изјави иранскиот амбасадор во Обединетите нации, Амир Саеид Иравани.
Иранската војска соопшти дека соборила израелски беспилотни летала во близина на нејзината северозападна граница со Азербејџан и Турција.
Во текот на ноќта, неколку ирански градови бил под силно гранатирање. Во централниот и североисточниот дел на Техеран, експлозии и продолжен противвоздушен оган се слушале со часови, објавија локалните медиуми.
Цел на израелските напади бил и хангар на борбени авиони на аеродромот Мехрабад во Техеран, како и иранските системи за воздушна одбрана.
Израелските напади, ги доведоа во прашање понатамошните разговори меѓу САД и Иран за нуклеарниот договор што требаше да се одржат утре во Оман. Портпарол на иранското Министерство за надворешни работи ги оцени разговорите како „бесмислени“, но директно не кажа дека се откажани.
Иранската новинската агенција Мизан го цитираше портпаролот дека „сè уште не е донесена никаква одлука во врска со разговорите во недела“.
Најмалку три лица се убиени во Израел по бранот ракетни напади што ги изврши Иран изминатата ноќ, објавија израелските медиуми.
Според „Тајмс оф Израел“, има и десетина повредени, од кои некои сериозно. „Џерусалем пост“, пак, објави дека бројот на ранетите е 63 ранети.
Портпарол на израелската војска изјави дека повеќето од иранските ракети биле пресретнати, но некои успеале да погодат цели, особено во централен Израел, вклучително и Тел Авив.
Остатоци од пресретнатите проектили предизвикале дополнителна штета на неколку домови.
Како одговор, израелската војска објави дека ќе ги продолжи своите операции против цели во Иран.
Во Техеран, системите за воздушна одбрана биле повторно активирани во текот на ноќта. Локалните медиуми објавија дека имало експлозии во централните и североисточните делови на иранската престолнина.
По ескалацијата на непријателствата меѓу Израел и Иран, земјите во регионот го осудија изралескиот напад, додека лидерите од целиот свет повикаа на итен прекин на воените дејствија од двете страни.