Иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи денеска го обвини Советот за безбедност на Обединетите нации за рамнодушност по израелскиот напад врз неговата земја.
На средба со странски дипломати, која беше пренесувана на државната телевизија, Арагчи изјави дека „израелскиот напад без преседан беше пречекан со рамнодушност од страна на Советот за безбедност на ОН“.
– Западните влади го осудија Иран, наместо Израел, а Иран е нападнатата страна, рече Арагчи.
Израел во петокот започна масовен напад врз Иран, наведувајќи дека целта е да се спречи Техеран да дојде до нуклеарно оружје. Иран возврати со балистички ракети и дронови, а дел од нив успеаја да ја заобиколат израелската противвоздушна одбрана и да погодат објекти во централниот дел на земјата.
Иран и Израел продолжија и денеска со меѓусебни ракетни напади.