Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа синоќа оствари победа во првото коло на W75 ИТФ турнирот во Загреб откако ја совлада Ралука Георгина Шербан од Кипар со 2:1 во сетови (6:4, 3:6 и 6:4) за 2 часа и 52 минути.
Во првиот сет се водеше изедначена борба, а притоа Лина постојано беше во предност по 2:2 во сетови, Ѓорческа поведе со 4:2, а ривалката изедначи и сетот македонската тенисерка го заврши со 6:4. Во вториот сет на стартот противничката направи брејк за 1:0 и со вториот брејк сетот го заврши со 6:3 во гемови. Во решавачкиот сет Ѓорческа водеше со 2:0 во гемови, а потоа и со 5:2, па така првите две меч топки ги пропушти во осмиот гем од сетот. И во деветтиот гем не искористи меч топка, но затоа во 10.гем на свој сервис одигра одлично и на противничката не и дозволи ниту еден поен.
Ова за Македонката е трета победа во низа откако претходно успешно со две победи ги мина и квалификациите.
Во второто коло Ѓорческа ќе игра против осмата носителка Селена Јаничијевиќ од Фрнација (22 години, 228. место ВТА листа).