Германскиот канцелар Фридрих Мерц и турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска телефонски разговараа за нивните напори за посредување во израелско-иранскиот конфликт и ветија дека ќе продолжат детално да се информираат за ова прашање, изјави портпаролот на германската Влада, Штефан Корнелиус.
Мерц разговараше со Ердоган кратко пред состанокот на министрите за надворешни работи на Германија, Франција и Велика Британија со нивниот ирански колега Абас Аракчи во Женева.
„Нема простор за преговори со нас додека не се запре израелската агресија“, рече Аракчи пред разговорите во Женева.