Неколку членови на американскиот Конгрес од двете партии ја доведоа во прашање законитоста на потегот на американскиот претседател Доналд Трамп за започнување воени напади врз Иран.
Додека конгресните лидери на Републиканците и многу членови на Конгресот ја поддржаа одлуката на Трамп да ги бомбардира главните нуклеарни објекти на Иран, најмалку двајца републикански пратеници им се придружија на демократите тврдејќи дека Трамп донел неуставна одлука да го бомбардира Иран без одобрение од Конгресот, објави Ен-Би-Си Њуз.
„Иако одлуката на претседателот Трамп (да ги бомбардира нуклеарните објекти на Иран) може да биде праведна, тешко е да се замисли образложение кое е уставно. Со нетрпение ја очекувам неговата следна изјава“, објави на мрежата Икс пратеникот Ворен Дејвидсон, републиканец од Охајо, кој го поддржува Трамп.