ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Фрчкоски: Досега немало влада со полошо владеење

June 22, 2025 16:52
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА

Професорот Љубомир Фрчкоски, во рамките на трибината на СДСМ, под слоганот „Македонија понижена – една година влада на ВМРО-ДПМНЕ“, истакна дека со ВМРО-ДПМНЕ се случува парадокс.

Имено, ВМРО-ДПМНЕ е ретко силна партија, со оглед на пратениците и позициите во парламентот, но парадоксот е дека таа практично не владее на надворешен, но и на внатрешен план. Не носи одлуки, нагласи Фрчкоски.

Тој истакна дека политиката дефинира две акции, од кои една е реашавње на конфликти а втората е операционализација на опцијата за развој, за благосостјба на граѓаните.

Во тие две акции ВМРО-ДПМНЕ не функционира, нагласи Фрчкоски, додавајќи дека ВМРО-ДПМНЕ не решава конфликити, не прави чекори кон хармонизација во таа антагонистичка политичка сфера, туку отвора конфликти, преку прогони, прогонува политички противници, менува, произведува некакви судири, создава меѓуетнички тензии, функционира она што премиерот го вика „нас со Албанците ќе ни треба второ полувреме“, а опцијата за развој ја менуваат со хистерична пропаганда, со хистеричен ПР, прават потемкини села на развој, што на крајот на краиштата завршува со генерално назадување.

– Ние назадуваме во сите линии, политичките елити се послаби, образованието назадува, НГО секторот е растурен и назадува, не функционира, медиумите се во страшна ситуација. Во сите точки назадуваме во ситуација кога регионот напредува. Ние го немаме тој луксуз, ние не можеме да го издржиме тоа назадување долго, практично ќе имплодираме внатре по меѓуетнички основи по една линија, меѓутоа и по социјални основи. Ние генерално осиромашуваме и тоа е една ситуација, која не може долго да се издржува, рече Фрчкоски.

Во однос на неспособноста на власта, Фрчкоски нагласи дека досега немало влада со полош рејтинг во првата година од владеењето.

Тоа е најлош старт, независно силата во парламентот. Резултатот од тоа не значи дека она лесно ќе падне, нема да се случи промена додека нема издржана алтернатива, додека луѓето не видат дека тоа е возможна алтернатива, и дека таа е таа, рече Фрчкоски, додавајќи дека тоа значи дека опозицијата има една неверојатна крупна улога да се консолидира и тоа не може да се прави само со критика на власта, туку и преку поврзување со своите линии и значајни историски потези што партијата или групацијата на партии ги направила, а не дистанца од нив.

– Ние не смееме да се срамиме од тоа како е направен договорот од Преспа, како се водени преговорите со Бугарија, независно од тоа што мислиме, како тоа се одразило на изборните резултати. Не е важно тоа, треба да се издржи јасно на тие позиции на кои СДСМ историски ја изгради оваа држава, рече Фрчкоски.

Тој смета дека се возможни понуди за големи коалции, бидејќи не е јасно како ќе излезе со Бугарија

– Имам впечаток дека на некој начин ќе свијат грб секако по таа линија и некаков контакт ќе бараат. Тука е процена, која е многу важна да се направи. Поддршка од опозицијата на тој принципиелен став со Бугарија треба да има. Бидејќи решението, независно како ќе го цените францускиот предлог е исклучително во национален интерес на Македонците, тука да нема дилема никаква. Кој го правел, како го правел. Тој е направен во две точки кај јазикот и кај националниот идентитет апсолутно 100% во наш интерес, рече Фрчкоски.

Тој посочи дека владата е тотално без никаков план и тоа е застрашувачки.

– Значи вие имате една структура, во која ние сме прирепок на Орбан, Вучиќ и линијата до Солун и коридорот 10, за кој нашиот министер се радува дека ќе го изгради. Може да биде во наш интерес некаков, но не повеќе од коридорот 10. Тоа е затоа што Кинезите отвраат дел во солунското пристаниште и на Орбан му е важно таа линија да функционира заради Кинезите. Ние сме последен прирепок на таа линија. Нашите се радуваат како деца, што функционираат во тоа оро. Таква една неспособна, да ја оцени сопствениот интерес политика, ние не сме сретнале досега. И тоа скапување е голем ризик, не може да не радува тоа, таквата неспосбност на владата која не функционира. Прогони и ПР симулакрум дека нешто се пррави, ништо друго, се е празно поради тоа, истакна професорот Љубомир Фрчкоски, на трибината на СДСМ, под слоганот „Македонија понижена – една година влада на ВМРО-ДПМНЕ“.

Next Post

Пуштен во употреба реконструираниот пат Понов мост – Богданци

НАЈНОВО

Ристески: ВМРО-ДПМНЕ и Општина Аеродром бегаат од одговор за долговите на училиштата и градинките

August 11, 2025

Макрон: Израелскиот план за преземање контрола врз градот Газа е подготовка на катастрофа

August 11, 2025

Астронаутите сведочат: Животот во Вселената засега е речиси невозможен

August 11, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Окупација во 45 слики

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Лажните ветувања на лажните патриоти

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Скандал во Демир Хисар – Адвокатот Стеваноски: Еве како се менува доректорка на средно училиште пред распишување на избори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски за изјавата од Меџити дека УЧК имале праведна војна: Не може убиства од заседа да се праведна борба

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДУИ и Алијанса за Албанците со жестока реакција на изјавите на Мицкоски за конфликтот во 2001 година и УЧК

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk