Израелскиот министер за одбрана Израел Кац ги поздрави синоќешните воздушни напади на САД врз три ирански нуклеарни објекти како историски чекор, јави ДПА, повикувајќи се на неговата изјава.
„Целта на нападите врз трите ирански нуклеарни објекти беше да се гарантира дека Иран не поседува нуклеарно оружје – оружје што би ги заплашило Израел, земјите од регионот и интересите во областа на националната безбедност на САД. Алијансата меѓу САД и Израел е посилна од сè друго – во корист на мирот и безбедноста на двете нации и целиот слободен свет“, рече израелскиот министер за одбрана.