Иранскиот напад врз воздухопловната база Ал Удеид во Катар ќе влијае на напорите за градење односи што се во тек меѓу арапските земји од Заливот и Иран, изјави функционер од тој регион.
„Дејствата на Иран му одат во прилог на Израел, кој сака да посее раздор и да ги попречи неодамнешните подобрувања во односите меѓу Иран и земјите од Персискиот Залив“, рече функционерот во изјава за западни медиуми, зборувајќи под услов да остане анонимен.
Во изминатите години, земјите од Персискиот Залив, Саудиска Арабија и Обединетите Арапски Емирати, ги обновија некогаш нарушените односи со Иран.