ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Левица: Пелагонија пет месеци без испитен центар за Тошковски да го намести милионскиот бизнис на сопартиец, МВР со демант

June 23, 2025 14:47
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Целиот Пелагониски регион пет месеци бил оставен без можност за полагање на возачки испити. Причината за застојот, како што сега од медиумите станува јасно, не е техничка или административна, туку резултат на намерно пролонгирање на изборот на оператор, со цел Министерството за внатрешни работи да му ја додели лиценцата на штотуку формирана фирма поврзана со функционер од редовите на ДПМНЕ, велат од партијата Левица.

 

Левица наведуваат дека новиот оператор – „Супер возач“ ДОО Битола, фирма регистрирана во август 2024 година, три месеци пред да се распише првиот оглас, ја доби лиценцата за спроведување на возачки испити. Сопственик на „Супер возач“ е компанијата „Стрит Рајд“ ДОО Кичево, основана само неколку дена пред тоа. Двете компании се под целосна контрола на Филип Митрески, советник во Советот на Општина Кичево од ДПМНЕ, активен член и апологет на партијата. Стариот оператор, досегашниот испитен центар СИЦ АМ ДООЕЛ Битола, кои со години ја извршувал оваа дејност, бил одбиен од МВР без образложение. Иако СИЦ АМ се пријавил и на првиот и на повторениот конкурс, иако ги исполнувал сите услови, лиценцата не му беше обновена. Наместо тоа, МВР го поништило првиот конкурс, па распишало втор, за фирмата на ДПМНЕ да ја доуреди документацијата.

Јасно е дека процесот бил манипулиран за да му се овозможи време на новоформираниот „Супер возач“ да се подготви и да го добие конкурсот.

Само во пелагонискиот регион годишно се реализираат околу 10.000 тестирања, со просечен трошок од 42.000 денари по кандидат, што ја прави оваа дејност исклучително профитабилна.

Овој случај е само уште еден во низата скандалозни договори во Министерството за внатрешни работи под раководство на Панче Тошковски којшто, потсетуваме:

– МВР сега склучува тендери со фирмата „Дон-Холдинг” за која од ДПМНЕ држеа пресови и објаснуваа за криминали и нивна поврзаност со СДСМ;

– 4 милиони денари за униформи се слеаја во женско модно студио со двајца вработени и во фирма формирана 20 дена пред распишување на тендерот;

– Речиси 19 милиони денари за опремување на одморалиштата на МВР отидоа во раце на компанија со блокирана сметка и со понуда неколкукратно поскапа од она што граѓаните можат да го затекнат во малопродажбата, се вели во соопштението од партијата,

Од МВР испратија демант.

Во врска со написите на политичката партија Левица, кои се однесуваат на изборот на правно лице кое ќе организира  и спроведува возачки испити на подрачјето на СВР Битола, Министерството за внатрешни работи целосно ги демантира истите, ценејќи ги како целосна шпекулација, со цел дезинформирање на јавноста. Имено, во однос на  постапката за избор на правно лице за добивање на лиценца за испитен центар Битола, информираме дека согласно соодветен Правилник во Министерството за внатрешни работи постои Комисија за разгледување на барањата поднесени по претходно објавен јавен конкурс. Согласно овој правилник, Комисијата врши оценување на правните лица, изготвува бодовна листа и ги одредува најдобро оценетите правни лица кои конкурирале, стои во демантот на МВР.

Се наведува дека изборот по објавениот конкурс бил изведен согласно пропишаните законски критериуми и норми а на јавниот конкурс биле пријавени „Друштво за услуги Авто мото испитен центар супер возач’’ ДООЕЛ Битола и Друштвото за услуги „Сообраќаен испитен центар АМ’’ ДООЕЛ Битола.

Кандидатот за испитен центар „Сообраќаен испитен центар АМ’’ ДООЕЛ Битола НЕ ПРИЛОЖИЛ важечки договор за користење на сообраќаен автодром (полигон) во Подружница „Сообраќаен испитен центар  АМ-пријавно место Ресен„ кој е еден од основните предуслови за функционирање на испитен центар, како резултат на што НЕ ГИ ИСПОЛНУВА условите за вршење на пропишаната дејност согласно член 244 став 1 алинеа 4 и став 2 алинеа 2 од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата и постојните подзаконски акти, потенцираат од МВР.

Во демантот се наведува дека според  законски пропишаните надлежности и одредби, Министерството за внатрешни работи, согласно член 240 од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата го избра правното лице „Друштво за услуги Авто мото испитен центар супер возач’’ ДООЕЛ Битола, кое единствено ги исполнувало законските услови и кое ќе ги извршува работите на организирање и спроведување на возачките испити на подрачјето на СВР Битола.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Трамп рејтинг

Белата куќа: Трамп ќе изврши притисок на самитот на НАТО за зголемување на трошоците за одбрана

June 23, 2025

Велика Британија го предупредува Иран дека нападите врз американските бази и блокадата на Ормутскиот теснец би биле катастрофална грешка

June 23, 2025

САД издадоа предупредување до своите граѓани ширум светот за зголемена закана по нивната безбедност

June 23, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Во оклопот на вмро, Македонците се желки на трката во Спа Франкоршамп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Владин функционер со клеветнички напад врз интернет порталот Фронтлајн

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Лојалност – награда – глупост

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фрчкоски: Досега немало влада со полошо владеење

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Поскапуваат горивата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk