ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Специјалната претставничка на ОК за Западен Балкан, дама Карен Пирс: Обединетото Кралство ја зајакнува регионалната соработка во Западен Балкан

June 23, 2025 13:10
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Фото: Фејсбук Британска амбасада

Фото: Фејсбук Британска амбасада

Share on FacebookShare on Twitter

За Обединетото Кралство, инвестирањето и ангажирањето со земјите од Западен Балкан е геостратешки императив во услови на зголемена глобална неизвесност и непредвидливост. Во исто време, нашата цел е да им помогнеме на земјите од регионот да ја завршат својата евроатлантска интеграција и да обезбедат
подобар, постабилен и попросперитетен живот за своите граѓани, вели специјалната претставничка на Обединетото Кралство за Западен Балкан, дама Карен Пирс.

На 22 октомври, британскиот премиер, Сер Кир Стармер, ќе биде домаќин на лидерите од Западен Балкан на Самитот на Берлинскиот процес во Лондон, како дел од годината во која Обединетото Кралство е претседавач со оваа европска иницијатива. Премиерот и неговите регионални колеги, заедно со 9 европски партнери и ЕУ, ќе ја унапредат соработката на проекти во 3 клучни области: миграција и криминал, безбедност и раст, соработувајќи непосредно со регионалните невладини организации и меѓународните финансиски институции за да постигнеме резултати во однос на овие столбови.

Сакаме да се погрижиме дека 2025 година ќе го означи почетокот на период во кој ќе се реализира потенцијалот на регионот. 80-годишнината и 30-годишнината од крајот на Втората светска војна и Сребреница нè потсетуваат на големите зла што им се случија на луѓето од регионот во минатото, нагласува Крен Пирс.

Наследените предизвици остануваат, некои од нив се длабоки, како што покажува моменталната криза во
Босна и Херцеговина. Сепак, 80-годишнината од основањето на Обединетите нации, 50-годишнината од Завршниот акт на Хелсинки и 30-годишнината од Дејтонскиот/Парискиот договор можат да нè насочат и кон иднината и да нè потсетат на она што може да се постигне преку имагинацијата, толеранцијата и
помирувањето.

Како домаќини на Берлинскиот процес, ќе се потпреме на нашата историја на помирување на Обединетото Кралство и ќе се осврнеме на тоа како навистина изгледаат добрососедските односи и врските меѓу заедниците во пракса и ќе го споделиме нашето искуство за повеќеслојниот идентитет со нашите партнери и пријатели од Западен Балкан, додава специјалната претставничка на ОК.

Во соопштението испратено од Британската амбасада до медиумите, Пирс вели дека, исто така, ќе промовираат можности за зголемување на економскиот раст во насока на унапредување на евроатлантската интеграција, имајќи ја предвид огромната желба на граѓаните од регионот да се приклучат кон ЕУ, а во многу случаи и кон НАТО.

Ќе ги прошириме врските меѓу оние што го претставуваат граѓанското општество, младите и родовата еднаквост и ќе ги славиме културата и креативните индустрии на земјите во регионот. Ќе ги поттикнеме учесниците во пронаоѓањето на меѓусебни области за соработка и иновации, а истовремено ќе ги поттикнеме и во изнаоѓањето на конкретни начини за спроведување на обврските од претходните години во пракса. На пример, од различни причини, напредокот со личните карти и признавањето на квалификациите за високо образование е во застој. Ќе бараме креативни начини за постигнување на меѓусебно признавање и олеснување на патувањето низ целиот регион. Ќе ја поддржиме брзата имплементација на двата договори за признавање на професионалните квалификации и ратификацијата на договорот за пристап до високо образование и прием на студиски програми. Тоа ќе направи вистинска разлика за луѓето од шесте земји од Западен Балкан, истакнува Пирс.

Според специјалната претставничка на ОК за Западен Балкан, Обединетото Кралство ја ревитализира својата улога во Европа, а клучен дел од ова е зајакнувањето на нашите партнерства во Западен Балкан. Првата посета на британски премиер на Албанија и посетите на министерот за надворешни работи, Дејвид Лами, на Косово, Србија и Босна и Херцеговина го нагласуваат овој освежен пристап.

Обединетото Кралство долго време игра клучна улога во регионот и ќе продолжи тоа да го прави, преку поддржување на стабилноста, безбедноста и просперитетот, а воедно и преку поддршка на земјите во модернизирањето на нивните економии и заземањето на нивните заслужени места во една ваква модерна Европа. Подготвени сме да ги зајакнеме овие партнерства за да помогнеме во завршувањето на оваа важна работа, потенцира специјалната претставничка на ОК за Западен Балкан, дама Карен Пирс

М. Д. / Цивил Медиа

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Трамп рејтинг

Белата куќа: Трамп ќе изврши притисок на самитот на НАТО за зголемување на трошоците за одбрана

June 23, 2025

Велика Британија го предупредува Иран дека нападите врз американските бази и блокадата на Ормутскиот теснец би биле катастрофална грешка

June 23, 2025

САД издадоа предупредување до своите граѓани ширум светот за зголемена закана по нивната безбедност

June 23, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Во оклопот на вмро, Македонците се желки на трката во Спа Франкоршамп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Владин функционер со клеветнички напад врз интернет порталот Фронтлајн

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Лојалност – награда – глупост

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фрчкоски: Досега немало влада со полошо владеење

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Поскапуваат горивата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk