ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Мицкоски за извештајот на Вајц: Првата препрека ја поминавме, извештајот се очекува на пленарна седница да биде ставен меѓу 7 и 11 јули

June 24, 2025 16:47
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Премиерот Христијан Мицкоски денеска во врска со усвојувањето на извештајот на Томас Вајц во Комитетот за надворешни работи (АФЕТ) на Европскиот парламент истакна дека жестока била борбата за да се помине оваа прва пречка, која, како што посочи, не би требала да постои, ако се земат предвид изјавите на одредени политичари од Брисел, во смисол дека македонскиот јазик и идентитет се затворена тема и оти во однос на нив нема да има никакви проблеми.

Но, како што посочи Мицкоски на прес-конференцијата во Владата, случувањата околу извештајот на известувачот на ЕП за Македонија, Вајц изминатите недели го покажале спротивното, односно дека во 21. век во Европа се уште се бориме за идентитетски прашања и за мајчиниот јазик.

-Знаме дека беше жестока борбата за да се помине оваа прва тн.н пречка, која што не би требала да постои, ако ги слушате пораките од поедини политичари коишто доаѓаат од Брисел дека идентитетот никогаш не бил предмет на договори и разговори, дека јазикот никогаш не бил предмет на договори и разговори, дека тој бил бетониран, запечатен, затворена тема. Видовме дека не е така. Македонската и европска јавност виде дека не е така, дека во 21. век во Европа се уште ние се бориме за идентитетски прашања, за нашиот мајчин јазик итн., изјави Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање дали смета дека извештајот ќе мине и на пленарната седница, имајќи ги предвид амандманите поднесени од неколку групации.

АФЕТ денеска со 40 гласови „за“, 19 „против“ и 10 „воздржани“ го усвои Предлог-извештајот за земјава подготвен од австрискиот европратеник Вајц, а Мицкоски истакна дека се очекува извештајот меѓу 7 и 11 јули да се најде на пленарна седница.

-Да ќе има амандман и да повторно можеби поедини групи во Парламентот ќе поддржат некакви амандмани. Такви се процедурите и не можете да им забраните…Но важно вие сите видовте дека не е неколку стотини Бугари во Устав, дека подлабока е болката и дека е децениска, дека е вековна. Ние ќе се бориме. Дали ќе успееме не знам. Ова е прв чекор успеавме, но не знам дали ќе усееме. Но граѓаните видоа, видоа со што се соочуваме и која е главната тема. Тоа беше суштината, рече Мицкоски.

Во врска со предложените амандмани, истакна дека не е точно дека се предложени само од Европската народна партија (ЕНП), туку дека тоа било здружен предлог од четири групи во Европскиот парламент, ЕНП, социјалдемократите, либералите, зелените.

-Затоа што во меѓусебна координација пред состанокот се договориле. Затоа не сакам премногу сега да зборувам додека не се заврши работата. Ги знам сите детали, рече Мицкоски.

За тоа дали имал сознанија дека таков амандман ќе биде поддржан од ЕНП или дека ЕНП, заедно со други групи ќе бараат пред македонскиот јазик да стои припдавката „сегашен“, Мицкоски нагласи дека Андреј Ковачев е член на ЕНП и оти е логично дека очекувале.

-За време на гласањето 15 европратеници од ЕНП беа „за“ извештајот на Вајц, вклучително и претседавачот на Комитетот господинот Мекалистер, тројца беа против и двајца беа воздржани, тоа беа грчките пратеници. Така што ова беше гласањето во рамките на ЕНП. Значи ги имаме по име и презиме, сите точно знаеме како се гласало и што се гласало и што поминавме и со кого разговаравме и што се се случуваше во изминативе неколку недели. Добро е што ја поминавме оваа прва препрека, и добро е што сите видоа дека не е суштината неколку стотини Бугари, дека суштината е многу подлабока. И ќе повторам, дали ќе успееме на пленарна не знам. Две недели следат пред нас каде што жестоко ќе се бориме. Но светот и Европа виде. И ова прашање ќе се покрене и сега во Хаг и на сите наредни сесии во НАТО. Дали некоја земја членка во НАТО Алијансата попречува некоја друга во интеграцијата и со тоа ја нарушува безбедноста во регионот. И тоа прашање треба да се одговори, истакна Мицкоски.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Усвоена информација за превенирање на последиците од топлотните бранови врз здравјето на населението 2025-2030

June 24, 2025

Мицкоски за извештајот на Вајц: Првата препрека ја поминавме, извештајот се очекува на пленарна седница да биде ставен меѓу 7 и 11 јули

June 24, 2025

Нови 116 милиони денари за 47 проекти за развој на урбаните и специфичните подрачја, селата и центрите во планските региони

June 24, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Извештајот на Вајц пројде во Брисел, Мицкоски доживеа дебакл од сојузниците

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Јонузи: Политичките елити да не ги затвораат очите пред идеолошкото инфилтрирање од Иран

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Тато, дали сме ние во војна?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Година дена Влада на Мицкоски: Европската интеграција во ќорсокак – уставните измени во застој, економски раст на хартија, инфлација на терен

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој е Петар Богојески новиот директор што ќе управува со парите од „Еразмус“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk