Извори од болниците „Мачениците Ал-Авда“ и „Ал-Акса“ известуваат дека девет Палестинци биле убиени, а неколку повредени додека чекале помош во близина на раскрсницата Нецарим во централниот дел на Појасот Газа, јавува Ал Џазира.
Убиствата се најнови во бранот секојдневни крвопролевања во близина на точките за дистрибуција на помош, воспоставени кон крајот на минатиот месец од контроверзната Хуманитарна Фондација за Газа, поддржана од Израел и САД, која раководителот на агенцијата на ОН за палестински бегалци (UNWRA) ја нарече „стапица на смртта“.
Преземено: Цивил Медиа