Иран погуби тројца мажи откако беа осудени за соработка со Израел.
Мажите беа обвинети за соработка со шпионската агенција Мосад и шверц на опрема што се користела во атентат, објави новинската агенција Мизан, без дополнителни детали, пренесе Скај њуз.
Иран погуби многу лица осудени за врски со Мосад и олеснување на операциите на Израел во земјата.
Според Скај њуз, во Иран се уапсени 700 лица обвинети за врски со Израел во последните 12 дена, објави агенцијата „Нур њуз“, а Иранскиот државен медиум Фарс њуз објави дека се запленети 10. 000 дронови.
„Од почетокот на нападот на Израел врз Иран, шпионската мрежа на ционистичкиот режим е многу активна во земјата; иранските разузнавачки и безбедносни сили успеаја да уапсат повеќе од 700 од нив во рок од 12 дена“, објави „Фарс њуз“, пренесе Скај њуз.
Преземено: Цивил Медиа