ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Концерт за деца „Песна за жирафата“ на „Скопско лето“

June 26, 2025 10:31
in ДЕНЕС, КУЛТУРА

Во рамки на 46. фестивал „Скопско лето“, вечер од 20 часот во Сули ан ансамблот „Консонанс“ ќе изведе концерт за деца  „Песна за жирафата“ – забавна и едукативна приказна на музика на Франц Јозеф Хајдн.

Како што соопштија од „Скопско лето“, приказната на интересен и креативен начин ги претставува и доловува специфичностите на секој од инструментите. Децата низ интеракција ќе се заапознаат со музиката од периодот на класицизмот и ќе имаат можност да ги слушнат аранжманите напишани специјално за овој концерт, „кои нè едуцираат за познатата музика на Хајдн изведена од квинтет сочинет од виолина, флејта, англиски рог, кларинет и бас кларинет“.

-Сите овие инструменти се солистички инструменти кои може да настапуваат и сами, но најчесто се употребувани во поголеми ансамбли, во голем симфониски оркестар, оперска и балетска музика. Наменета за деца од различна возраст, приказната ќе им ја разбуди љубопитноста за различните бои кои ги произведува еден жичан инструмент како што е виолината, или, пак, некој од дувачките инструменти како што се флејтата или кларинетот. Во текот на музичката приказна, актерот толкувајќи го ликот на самиот композитор Хајдн, на еден мошне забавен и весел начин ќе ги едуцира децата за многу аспекти од класичната музика и инструментите кои се користат во ансамблот „Консонанс“, соопшти „Скопско лето“.

Музичката приказна е напишана од Франц-Георг Штелинг, уметнички агент, и Јерг Шаде – актер, автор и режисер, а кларинетистот Улф-Гвидо Шефер ја аранжирал музиката за квинтет.

Ансамблот „Консонанс“ е основан во 2007 година и е посветен на изведба на камерна музика истражувајќи ги огромните можности, пред сè, на дрвените дувачки инструменти: флејта, кларинет, англиски рог, бас кларинет.

Во сотавот на „Консонанс“ се членови од Македонската филхармонија: Здравко Ангелов – кларинет, Маја Чанаќевиќ – англиски рог, Сашко Темелкоски – бас кларинет и Елена Дојчинова – флејта, како и виолинстката Ивана Здравкова.

Tags: концерт за децаСкопско лето
Next Post

Хамас: Мировните посредници ги интензивираат напорите за постигнување прекин на огнот во Газа

НАЈНОВО

ДИК одлучи: На независните кандидати ќе им бидат потребни само два потписа од избирачи за учество на локалните избори

August 17, 2025

Макрон: Путин не сака мир, туку капитулација на Украина

August 17, 2025

Фон дер Лајен и Зеленски од Брисел: Само Украина може да решава за своите граници, убивањето мора да се запре

August 17, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Македонците се бели мечки на кои вмро им го топи мразот!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Историјата репетирана: Цената на додворувањето кон Русија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Млада жена се обидела да ја убие бабата на својот сопруг со која живееле заедно

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што пишуваа германските медиуми за ескалацијата во Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Прво кривична, па изборен праг – ептен случајно

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk