ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Министерот Трипуновски очекува да се намали увозот на храна

June 26, 2025 14:13
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА

Очекуваме во наредниот период да се намали увозот на храна,  рече денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски, на новинарско прашање на прес-конференцијата на која даде отчет за сработеното во првата година од мандатот.

Според Трипуновски, има сериозни резултати од првичните чекори што биле преземени изминатата година, а најголем дел од земјоделското производство има прогрес во квантитетот и откупната цена.

Со извозот на пролетната зелка, укажа министерот,  само од една откупна сезона имаме двизен прилив од 30 милиони евра, што значи дека домашната потрошувачка е задоволена и плус сме извезле надвор од државата. Упати и на податоците од Државниот завод за статистика дека извозот на земјоделските производи, во првиот квартал годинава во однос на истиот квартал лани, бележи раст од пет проценти или околу 11 милиони евра повеќе.

– Верувајте дека за една годна не може да се врати во нормала тоа што е десет години е деградирао. Имаме сериозно зголемување и кај останатите земјоделски култури, имаме зголемување на површините под јачмен и под пченица. За потсетување, во минатото гледавме како еден премиер и министер излегуваа на прес-конференција и кажуваа дека е успех тоа што е увезена пченица од Србија.  Како и минатата и оваа година работиме преку конкретни мерки  да го зголемиме прозводството на пченица како еден од постратешките призводи. Интенцијата и показателите се дека веќе во најголем дел од земјоделското производство имаме прогрес во квантитетот и опткупната цена, што нормално треба да биде на задоволство на земјоделците бидејќи тоа е дополнителен стимул да влезат во процесот на зголемување на површините и во делот на продажбата. Истото е и кај тутунот и кај другите култури. Она што мене ме радува е дека првичните чекори што беа преземени изминататата година навистина покажуваат сериозни резултати, рече Трипуновски.

Во отчетот министерот истакна дека се извезени околу 13.000 тони јаболка во првите два месеца годинава, за 82 проценти повеќе од истиот период лани, зголемена е откупната цена на тутунот од 375 на 400 денари, а на субвенцијата од 80 на 100 денари, како и за најзастапените вински сорти грозје, Вранец (20,8 денари за килограм) и Смедеревка (18,3 денари за килограм).

Исплатени се над девет милијарди денари заостанати и тековни субвенции на над 70 000 земјоделци. Зголемени се површините под јачмен и пченица. Склучени се над 2.100 договори за распределба на земјоделско земјиште на површина од 5.942 хектари.

Со новиот Предлог закон за земјоделство и рурален развој, за кој во изминатиот период се одржа јавна расправа, ТРипуновски рече дека заедно со земјоделците, земјоделските задруги и научната фела ќе изградат цврст темел за развој на земјоделството, бидејќи токму во овој закон се дефинираат насоките по кои ќе треба да се движи земјоделскиот сектор во државава.

– Нашата заложба е да креираме мерки и политики кои ќе го придвижат земјоделскиот сектор во вистинска насока, да станеме земја којашто ќе го зголеми производството на храна, ќе го зголемиме извозот на земјоделски производи, но и да се храниме со наши земјоделски производи, рече Трипуновски.

Tags: Увозхрана
Next Post

Забарана за тешки товарни возила од 1 јули до 31 август

НАЈНОВО

Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

Македонците се бели мечки на кои вмро им го топи мразот!

August 16, 2025

Меланија Трамп му испрати писмо на Путин за киднапираните деца од Украина

August 16, 2025
Фото: Скриншот

Трамп: Претпоставувам ќе има средба помеѓу Зеленски, Путин и мене

August 16, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Прво кривична, па изборен праг – ептен случајно

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што пишуваа германските медиуми за ескалацијата во Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Уапсени демонстранти во Нови Сад на колена, со лисици и главите потпрени на ѕидот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Јулија Навалнаја до Путин: Ослободете ги сите политички затвореници

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Клучни заклучоци од самитот на Трамп и Путин во Алјаска

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk