ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Од ситно жито нема дебела погача

June 26, 2025 11:46
in ДЕНЕС, ФРОНТ

Пишува: ВОЈО МАНЕВСКИ 

Неделава се покачија температурите. Над Овче Поле како да стои воздухот загреан од топлината. Низ стаклото гледам комбајни што го собираат јачменот распослан по нивите. Топло ми е ама се сеќавам на зборовите на мојата покојна мајка која, секогаш кога во јуни се жалевме дека не нервираат горештините, не смируваше. 

„Не се лутите деца леб се пече на нивите и треба да ни е жешко“. 

Гледам во нивата и приметувам дека јачменот е низок и комбајнот како да не го жнее во целост. Тешка ни била работата денес а кусиот јачмен и Донка на нивата, во песна се опеани. Никој не почувствувал потешка работа на нива од жнеење на ситен јачмен по Овче поле –велат штипјани. Тешко било ама народот својата храна си ја произведувал, свој леб си јадел . 

Го отворам фрижидерoт, да побарам некое разладување и се сетив да направам салата со домати ,кромид и малку сирење. Го одбирам најголемиот домат и се сетив дека го купив на пазар пред две недели. 

Ниту омекнал, ниту поцрнел. Си стои како да е мумијата на Рамзес. Го сечам кромидот а тој не се брани, не испушта ништо. Ниту смрди ниту мириса. Па добро бре кромитче кој ветер семка ти донел овде. Каков кромид си ти ако не ми истераш солзи на очите. Да почувствувам дека си од нашето поле, да сетам дека јадам нешто кое има вкус на мојата природа. Сечам од модерниот зеленчук и одозгора ставам парчиња сирење. 

Јас го сечам а тоа се лепи за ножот како да е маст а не сирење. 

Читам на кутивчето од каде што го извадив а таму пишува –фета сирење и држава на потекло Грција. Среќа за ракијата знам од каде е инаку и неа ќе ја ставев во списокот на окупатори на мојот штипски вкус и идентитет. 

Таман да ја пуштам домашнава низ напатеното ми грло, на телевизорот се појавува министерот за земјоделство и уште нешто напишано му во титулата. 

„ Помагај ракивче сопатничке, да се смирам и да не напишам нешто неприлично за јавноста“. 

Господине министре морам да признам дека ве има на социјалните и другите современи мрежи повеќе од временските прогнози а вашите изјави се сведуваат горе доле на информацијата колку и на кого од субвенциите сте исплатиле и на која седенка сте биле . Трошењето на буџетот не е политика туку статистичка операција.

Политика би било ако воведовте покорисен начин на нивна дистрибуција. Субвенциите треба да помогнат да се произведува повеќе и поквалитетна храна и не се социјална политика или лов на гласачи. Вие не сте нов во оваа тематика туку и низ партијата и низ функциите во министерството сте одамна присутен. Бевте во опозиција седум години и очекувавме дека ќе имате подготвено сет на реформи и постапки кои ќе ги разрешат напластените проблеми. 

Очекувавме дека ќе предложите закони со кои ќе донесете сигурност кај производителите на храна. Разговаравте стотина пати со нив и знаете дека тие сакаат да бидат сигурни дека она што ќе го произведат ќе им биде платено.  Ништо повеќе тие не бараат.  

Знаете дека сеуште не се спремни ни образовно ниту технички да бидат оставени на пазарот. А и тој фамозен пазар и неговите правила се надлежност на вашето министерство како регулатори кои ќе им дадат шанса да исчекорат од навредливиот поим селани и ќе станат производители на храна кои пристојно живеат од својот труд. 

Очекувавме дек ќе ставите ред во откупот на нивните производи и нема секој шпекулант да им ги одредува цените. Идејата за земјоделски задруги кои директно ќе се договараат со синџирите на продажба е добра но за неа досега требаше да стекнете доверба кај земјоделците дека тој облик на здружување нема да зависи од волјата на некој иден министер. 

Тоа треба да биде нивна иднина е не да бидат шака ориз што секоја чавка може да ја исколва. Во колективното сеќавање на земјоделците секое здружување било следено со сопственички проблеми . За да заживее овој концепт мора државата барем неколку години да помага и да биде гарант преку кој ќе се стекне доверба во системот. Инаку ќе биде како и до сега краткорочно внесување на добра идеја која пропаднала. 

Да прашам министре, пред да ми ги смири ганглииве домашнава сомаченица. 

До кога ќе чекаме многу поголема вклученост на науката во реформите и во конкретното производство на храна? Колку земјоделски факултети има во државата? Колку доктори на наука има на катедрите на овие факултети? Можат ли тие да се позанимаваат со селектирање на семенскиот материјал и низ научни докажувања да се дојде до сознанија за најисплатливите и најквалитетните видови на земјоделски производи. 

Насочете дел од парите што се расипуваат низ сомнителни субвенции во лаборатории и истражувачки проекти. Зошто да не јадеме наша домашна квалитетна и автохтона храна? Искрено ми се смачи да купувам зеленчук кој на тезгите изгледа како на сила да бил скинат од родната нива па на тезгите виси како трофеј. 

Големите теми често имаат едноставно објаснување. Нема независност па ни култура со која се потврдува идентитетот ако не се произведе доволно храна за да се заштити стандардот на граѓаните. 

Имам уште многу прашања г. министре . Ај сега нека бидат само овие за да не претераме на овие горештини со тешки теми. За воведување на нова ИТ технологија во земјоделието нема да прашувам. Искрено ми се смачи од безвкусниот кромид и пластичниов домат. Сирењето на леб ќе си го мачкам а ракијава ќе ја држам во витрина, да имам нешто што има и вкус и мирис а го конзумирам. А вам ви испраќам една штипска мудрост – не бива, те чалма те оџа.

Преземено: Цивил Медиа


Текстот е личен став на Авторот.  
Next Post
Фото: Ангел Ангеловски

МНРиНД: Во Конзулатот во Солун пријавено дека 19-годишен македонски државјанин починал во Ханиоти

НАЈНОВО

ДИК одлучи: На независните кандидати ќе им бидат потребни само два потписа од избирачи за учество на локалните избори

August 17, 2025

Макрон: Путин не сака мир, туку капитулација на Украина

August 17, 2025

Фон дер Лајен и Зеленски од Брисел: Само Украина може да решава за своите граници, убивањето мора да се запре

August 17, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Македонците се бели мечки на кои вмро им го топи мразот!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Историјата репетирана: Цената на додворувањето кон Русија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Млада жена се обидела да ја убие бабата на својот сопруг со која живееле заедно

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што пишуваа германските медиуми за ескалацијата во Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДИК одлучи: На независните кандидати ќе им бидат потребни само два потписа од избирачи за учество на локалните избори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk