ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

(ВИДЕО) Фрчкоски: Скандалозна некомпетентност на власта, назадуваме по сите линии

June 27, 2025 13:20
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Проф. Љубомир Фрчкоски (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Проф. Љубомир Фрчкоски (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Share on FacebookShare on Twitter

Во најновото издание на шорткастот „Што има ново?“ на ИМА, проф. Љубомир Фрчкоски, поранешен министер за внатрешни и за надворешни работи, се осврна на истрагата за трагедијата со пожарот во Кочани, како и на внатрешната и надворешната политика на актуелната власт.

За истрагата за Кочани, Фрчкоски посочи дека нејзиното проширување и обвиненијата кон припадници на МВР и агенцијата за обезбедување на дискотеката „Пулс“ се резултат на притисокот на јавноста, и покрај обидите да се заштитат одредени личности. Но, тоа не ја исправа штетата направена од, според него, бездушниот однос на власта кон семејствата на жртвите во пожарот.

„Јавноста заврши работа овде. Инаку истрагата беше за жал како ‘сарајлија пита’, во круг во круг и во средината имате дупка. За главните што се одговорни – дупка, немаше обвинение. И, тоа беше скандалозно во основа и, што е мислам индикативно за власта, таа се обиде тоа да го направи до крај, така, со прескокнување на своите луѓе. Потоа се виде дека тие луѓе се исповрзани во тие вмровски мрежи на лобисти, на спонзори, па и агенцијата за обезбедување, и тоа сè искочи на површина, бидејќи не можеше, Обвинителството веројатно не можеше тоа да го прескочи на било кој начин, независно од интензивниот притисок врз него. И, за среќа, имаме горе-долу една листа на, јас би рекол разумно обвинети, оние луѓе кои се вистински инволвирани, сега ќе видиме со кое темпо тоа ќе оди, и дали до крај тоа ќе заврши како што треба. Меѓутоа, трагедијата и односот кон родителите и фамилиите беше на некој начин страдалнички и да не речам бездушен на власта. Независно од реториката, они беа оставени сами, потоа беа етикетирани дека се политички манипулирани, што е многу, многу лошо. И, остави лош впечаток. До денеска таа рана ќе остане отворена, јас мислам дека ќе продолжи… Мислам дека ќе ја платат цената власта за ова раководење со трагедијата де-факто, и на локалните избори и годината после тоа“, истакна Фрчкоски.

Тој ја критикуваше внатрешната и надворешната политиката на власта како обид за создавање симулакруми наместо нудење реални опции за развој, додека државата назадува на сите полиња.

„Политиката прави две работи, во основа. Таа ги решава конфликтите, бидејќи ако имате конфликти не можете да спроведете никаква програма, ни десна, ни лева, никаква… И второ, нуди опции за развој. Тие две работи ги работи секоја политика. И вие можете да ја измерите вмровската политика, дека таа фактички не функционира така…Она не ги решава конфликтите, ги заострува. Ги заострува кон политичките неистомисленици, кон медиумите, ги заострува кон сите што ја напаѓаат. Значи, постои една општа хистерија на чувствителност. Како да не се во политиката, како да се некои балерини, кои сега треба да владеат и да сите се потресат за тоа што они владеат. И второ, она не нуди опции за развој, туку создава еден симулакрум на – ова ќе правиме, она ќе правиме, вака ќе биде, оние пари ќе ги земеме. Всушност, нема развој. Ние назадуваме по сите линии…Значи, назадување во нивото на политичката елита, стравично, во однос на нивните политички елити, вмровските. Потоа, имаме уназадување во секторот на медиумите, практично растурен е систем. Потоа, имаме назадување во НВО-то, тоа е распаднато и не може да се консолидира. Имаме назадување…односно генерално осиромашување на населението…И, назадуваме и во однос на меѓуетничките односи“, оцени Фрчкоски.

Тој смета дека односот на власта кон ‘Францускиот предлог’ и одбивањето да ги донесе уставните измени, во иднина ќе донесе полоши решенија за македонскиот јазик и идентитет, што според него се покажало со последната расправа за извештајот за земјава на европратеникот Вајц во Европскиот парламент и најавата за амандман во кој македонскиот јазик ќе добие додавка „модерен“.

„..Францускиот предлог, решавање на состојбата со Бугарија, идентитетскиот проблем со Бугарија, има две прашања кои ги решава 100% во наша корист. Тоа е чистиот македонски јазик, без додатоци, што е многу важно за нас. И идентитетското прашање…односно прашањето на нацијата како посебна нација, македонската, го решава со тоа што Бугарите ги става како малцинство во Уставот… Тоа они го доведоа во прашање. Јас еднаш или два пати дискутирав за тоа, дека тоа е прилично опасна теза, дека тоа е антинационална политика, дека ако тоа го испуштиме, ние ќе дојдеме под нивото на Францускиот предлог. И еве тоа им се случи…Тоа е експлицитно им се случи во Европскиот парламент. Сега имате додаток на македонскиот јазик, дека тоа е модерен јазик…Го испуштаме чистото, не-амандмандирано дефинирање на македонскиот јазик. Сега имате амандман – „модерен“. Добар – лош амандман, неважно, сега имате плус нешто… Вие на маса имате решение кое вас ви одговара сто процентно. Вие треба да го земете и да го бетонирате. И од таму да одите понатака. Они сега се под нивото на тоа што го имаат и не сфаќаат што направиле. Они мислат дека се борат за националното добро. Тоа е скандалозна некомпетентност“, смета Фрчкоски.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Иран призна голема штета на нуклеарните постројки

June 27, 2025
фото: МИА

Пороен дожд, засилен ветер, грмежи и наместа град попладнево во повеќе делови од земјава

June 27, 2025

Петровска за Цивил: Одбраната не е само оружје, туку стратегија за развој и безбедност – 5% од БДП е шанса, не товар

June 27, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Над 216 илјади македонски граѓани обезбедиле бугарски пасош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хоџиќ: Сиљановска-Давкова не е свесна за тежината на гафовите кои ги има направено вчера

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Таравари: Ваљбон Лимани не е кандидат, тој е новиот градоначалник на Гостивар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Муцунски не разбирал што е тоа „модерен“ македонски јазик – предлогот што пратеници од сестринските партии на ВМРО-ДПМНЕ го поднесоа во ЕП

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Маричиќ: Во преговарачката рамка пишува „македонски јазик”, ниту модерен, ниту старовремен – тоа прашање е затворено

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk